2018 година беше плодна за науката и животната средина. Од острото предупредување од климатските научници за опасностите од дозволувањето температурите да се зголемат над 1,5 степен, до откривањето на течното езеро на Марс, оваа година беше навистина незаборавна.
Еве еден преглед на најинтересните приказни од полето на науката за 2018 година.
„Безбедна“ граница за затоплување
Фото: Getty Images
Зголемувањето на глобалните температури за 2 степени до крајот на овој век веќе долго време се смета за порта за опасните климатски промени. Истражувачите долго дискутираат дека зачувувањето на оваа граница е неопходно за избегнување на најштетните ефекти од глобалното затоплување. Но, дел од нив сметаат дека границата треба да биде 1,5 степен. Во октомври климатските научници објавија голем извештај со детали што ќе бидат вклучени во задржувањето на температурата во рамките на таа построга граница.
Ова ќе резултира со тоа што милион луѓе ќе си ги задржат домовите што би можеле да ги изгубат поради зголемувањето на нивото на морето, помалку видови ќе се соочат со заканата од истребување и драстично ќе се намали бројот на лица што би се соочиле со недостиг на вода.
Огромен пластичен брег
Кризата со пластичниот отпад во светот беше една од главните теми од 2018 година. Проблемот беше нагласен од сериите „Блу планет 2“ на Би-би-си, презентирани од Дејвид Атенбо, во кои беа прикажани шокантни снимки од уништувањето на океаните и морскиот живот поради нашата зависност од пластика.
Во април Дејвид Шукман од Би-би-си ја посети Индонезија за да пријави мочуриште од пластичен отпад што ги затна реките и каналите во Бандунг, на индонезискиот остров Јава. Кризата беше толку акутна, што беше повикана армијата да помогне да се исчисти огромниот пластичен брег од шишиња, кеси и други пластични работи.
Вода на Марс и на Месечината
Фото: NASA
Знаеме дека има вода на Марс во форма на мраз и постојат можни знаци на повремени течни текови. Но, во јули тим од научници го објавил откриеното 20-километарско семејство што се наоѓа под јужната поларна ледена капа на планетата.
„Кјуриосити“ на НАСА ги истражува остатоците од карпи, но ова е прв знак за постоење тело од вода денес. Резултатот беше возбудлив бидејќи научниците веќе долго време се обидувале да откријат знаци за течна вода на Марс.
Но, Марс не беше единственото небесно тело каде што беше откриено вода. Во август истражувачите објавија дека имаат доказ за мраз на површината на Месечината.
Што се случило со градителите на Стоунхенџ?
Фото: Getty Images
Областа на античката ДНК, што вклучува извлекување и анализирање на генскиот материјал од луѓе што долго време се починати, ни обезбеди неверојатен увид во минатото. Еден впечатлив резултат од 2018 година беше откритието дека античките луѓе во Британија речиси биле заменети со масовна миграција од континентот пред околу 45.000 години.
Неолитските Британци само што ги подигнале големите камења во Стоунхенџ кога биле прекинати од новодојдените луѓе познати како Бекер. Ова резултирало со замена на 90 отсто од британскиот генски базен, заменет за само неколку стотици години. Зошто се случило ова, не е познато, но потенцијални кандидати се болестите, гладот и конфликтите.
Леден удар
Фото: NATURAL HISTORY MUSEUM OF DENMARK
Во ноември научниците идентификувале нешто што изгледало како голем кратер од удар под мразот во Гренланд. Дупката широка 31 километар излегла на виделина кога научниците ги испитувале радарските слики од камената подлога на островот.
Веројатно дупката била создадена од 1,5 километар широк железен астероид, пред околу 12.000 до 3 милиони години. Некои истражувачи се сомневаат во досегашните докази.
Пластика во нашата вода
Фото: Alice Treval
Пластичниот отпад е сè поприсутен во нашиот секојдневен живот и сега се наоѓа и во нашата вода за пиење. Истражувањата спроведени од новинарската организација „Орб Медиа“ открија просек од 10 пластични честички во литар во поголемите марки вода во шишиња.
Во најголемата истрага од ваков вид биле анализирани 250 шишиња купени во 9 различни земји. Речиси сите содржеле мали пластични честички.
Северниот дел од нашата планета често се смета за чиста дивина. Но, оваа година
истражувачите искажаа загриженост во врска со големите концентрации на пластика во арктичкиот морски мраз. Бројот на честички во само еден литар истопен арктички морски мраз се покажа дека е повисок отколку во отворениот океан. Научниците велат дека има потреба од повеќе истражувања за ефектите врз зоопланктонот, безрбетниците, рибите, морските птици и цицачите.