X
 06.12.2016 Култура

Бесплатни документарци кои ќе ве направат попаметни

Ви нудиме неколку бесплатни и одлични документарци кои можете да ги пронајдете на „YouTube“, да се едуцирате себеси и да станате попаметна личност.

 

1


1. „The Illusion of Time – Theory of Relativity“




Ако некогаш теоријата за релативитетот ве бунела и сте имале прашања во врска со неа, тогаш ова е вистинскиот документарец за вас. Направен врз основа на книгата на Брајан Грин „The Fabric of the Cosmos: Space, Time, and the Texture of Reality“, документарецот го поедноставува концептот на вселенското време и ни ги дава основите за разбирање на минатото, сегашноста и иднината.

2. „Quantum Theory“



Уште едно видео од Брајан Грин во кое тој се обидува да ги поедностави комплексните концепти во нешто што ние би можеле да го сфатиме. Во основа квантниот свет е дивиот запад на нештата за кои ние сме мислеле дека се невозможни, а станале возможни.

3. „String Theory & M-Theory“




Брајан Грин се враќа со уште еден увид во Теоријата за релативитетот и квантната теорија и како тие функционираат заедно за да се создаде Теоријата на се' и го објаснува универзумот.

4. „Michio Kaku: The Universe in a Nutshell“




Замислете да постоеше равенка која би го објаснила целиот универзум; тоа би било најмоќното делче математика. Д-р. Мичио Каку ни претставува различни концепти кои можат да помогнат да се дистилира природата на универзумот во нешто толку едноставно како Е=МС на Ајнштајн.

5. „The Simulation Hypothesis“




Дали некогаш сте се запрашале колку вистина има во „The Matrix“? Дали ние живееме во симулација и се' е софистицирана виртуелна реалност? И ако е така, дали некогаш ќе можеме да излеземе од неа? Документарецот дава увид во некои докази, а експерти од целиот свет разговараат за ова.

6. „Quantum Entanglement Documentary – Atomic Physics and Reality“




Документарец која дава увид во вечната дебата помеѓу Нилс Бор и Алберт Ајнштајн за концептот на атомскиот феномен и принципот на несигурност.

7. „Where Do We Go After Death?“




Ова можеби е најстарото прашање кое човек го интересира. Доколку верувате во нешто и сте религиозни тогаш имате некаква претстава за задгробниот живот меѓутоа голем дел од луѓето се атеисти и се запрашуваат токму ова прашање. Во документарецот научниците ја истражуваат оваа идеја и сакаат да го одговорат прашањето.

8. „From the Big Bang to the Present Day“




Овој документарец опфаќа се': откако започнала вселената, па се' досега и сите работи што се случиле од тогаш.

9. „The Search for Earthlike Planets“



Пред 6 години, НАСА го испрати вселенското летало „Кеплер“ во мисија да пронајде планети со големина на Земјата кои орбитираат околу други ѕвезди. Она што леталото го пронашло било големо тело од 150.000 ѕвезди, на 3.000 светлосни години оддалечено од нас.

10. „Light, Darkness and Colours“



Дали некогаш сте се запрашале дали луѓето ги гледаат боите на ист начин? Дали она што јас го гледам како сина, е исто како што и друг го гледа како сино или и двајцата го гледаме различно?

11. „Last Day of the Dinosaurs“



Секако, сите знаеме за астероидот кој удрил и кој предизвикал климатски промени од кои умреле диносаурусите, но овој диносаурус детално го анализира овој настан.

12. „Future of Energy 2050“



До 2050 година, светската популација ќе достигне до 9 милијарди, а побарувачката на енергетски извори ќе биде огромна. Но, овој документарец има решение кое можеме да го имплементираме за да се осигураме дека за 40 години ќе бидеме во ред.

13. „Birth of a Black Hole“




Една од најголемите мистерии во науката е црната дупка, а неодамна, астрономите беа сведоци на неколку екстремно светли флешови на ултра-висока енергија која доаѓаше од вселената. Им беа потребни 3 децении и огромен напредок во технологијата за да откријат дека тоа било раѓање на црна дупка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура