Од претстојниот викенд ќе биде дозволено шетање на милениците од 20 до 20.30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање - ова е одлучено денеска на седница на Владата. Премиерот Оливер Спасовски соопшти на неговиот твитер-профил, а измените на уредбата за ограничено движење е донесена со цел да им се излезе во пресрет на домашните миленици.
Сопствениците на домашни миленичиња реагираа дека одлуката за забрана за движење после 16 часот за викенди е штетна за здравјето на милениците.
фото: Pixabay