X
 13.11.2018 Здравје

Смртоносна болест во Бали: Што треба да знаат туристите?

Туристите што патуваат во Бали и во други популарни дестинации во Азија треба да знаат за новата смртоносна болест што се пренесува преку комарци.

Министерството за здравство на Индонезија вели дека бројот на заболени од јапонски енцефалитис е зголемен во оваа земја.

бали
Фото: Thinkstock


Смртоносната болест може да предизвика слепило, слабост и нарушувања во движењето. Симптомите на инфекција вклучуваат треска, главоболка, отежнато дишење, дезориентација, тремор, парализа и конвулзии, особено кај децата. Инфекцијата може да доведе до кома, а во 20 до 30 отсто од случаите и смрт. Кај оние што преживуваат во 30 отсто од случаите остануваат невролошки последици.

Европскиот центар за превенција на болести тврди дека инфекцијата се шири во Азија, а пријавени се случаи во Индија, Пакистан и во Јапонија. Болеста кај човекот се пренесува преку убод од комарец, но вирусот може да го носат и птиците, лилјаците, кравите и свињите.

Најголем број случаи се регистрирани во Бали.

- Со цел да се спречи ширењето на болеста во Бали, наскоро ќе претставиме вакцина што ќе даде добри резултати. Во моментов работиме на имунизација - рече Венсја Ситоханг, директорка за надзор и карантин во министерството за здравство на Индонезија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје