X
 28.04.2017 Живот

Навики на милјардерите кои сами си ги заработиле своите пари

Авторот Томаст Корлеи пет години ги проучувал секојдневните навики на 177 милјардери кои богатството го стекнале исклучително со сопствен труд.


Фото: Pixabay


Резултатите од истражувањето се објавени во книгата Change your habits, change your life, а во продолжение прочитајте накратко неколку навики кои се карактеристични за овие луѓе.

Постојано читаат – 88% од милјардерите секој ден посветуваат минимално 30 минути на читање во денот или било каква едукација за тоа како да бидат подобри и поуспешни.

Вежбаат – Најмалку 30 минути од денот милјардерите го минуваат со кардио вежби.

Се дружат со успешни луѓе – според Корлеи успешен си онолку колку што се успешни оние во чие опкружување се наоѓаш.

Јурат кон своите цели – Овие луѓе според Корлеи се опседнати со остварување на своите соништа и зацртаните цели кои резултираат со долготрајна среќа.

Рано стануваат – околу 50% од ваквите милјардери стануваат најмалку 3 часа пред да им почне работниот ден

Имаат повеќе извори на приходи
– Дури 65% од испитаниците имаат барем три извори на приходи кои ги креирале пред да ги заработат првите милион долари.

Бараат совети од ментори – Успешните ментори носат дел од заслугата за акумулирање на богатство затоа што на своите ученици им подариле важни животни лекции.

Оптимисти се – Според Колеи тие имаат позитивен став кон работењето.

Не го следат стадото – успешните луѓе создаваат свои следбеници.

Го почитуваат бон-тонот – Тие се држат до свои принципи и ги почитуваат своите соработници.

Им помагаат на другите да успеат – Своите совети и помош ги нудат на оние кои сами трчат по успехот.

Бараат повратна информација – Успешните деловни луѓе не стравуваат од критика, туку сакаат да соберат што повеќе повратни информации за да ја унапредат својата работа.

Јасно го бараат она што го сакаат – Ако сакате да бидете успешни не смеете да се плашите гласно да го кажете она што го сакате.

Влегуваат во пресметани ризици – Корлеи вели дека милјардерите не се природно бестрашни, но тие го надминуваат стравот и влегуваат во ризици.

Размислуваат
во самотија – Најмалку 15 до 30 минути дневно минуваат во размислување во самотија за тоа како да ги достигнат своите цели.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот