X
 26.03.2022 Живот

Што претставува Паретовото правило 80/20 за заштеда на пари и како се применува?

Формулата за заштеда на пари 80/20 не е за секого, а за да ја испробате, важно е да се приспособувате додека таа формула не почне да функционира за вас.

Сите сакаме да штедиме, но како?

Сите сакаме да заштедиме, а како да го направиме тоа, како да ги планираме приходите и дали платата е доволна за да ги покрие потребите и желбите? За тоа би можела да послужи формулата за заштеда 80/20, дизајнирана според таканаречениот „принцип на Парето“.

Методот на Парето или Паретовиот закон првпат го открил италијанскиот економист Вилфредо Парето во 1897 година докажувајќи дека работите функционираат на очекувано неурамнотежен, но математички експресивен начин.

Предлогот е следен: правилото е да заштедиме 20 отсто од нето-приходот, а потоа да го потрошиме остатокот (50 отсто за она што ни е неопходно, плус 30 отсто за она што го сакаме, а сето тоа заедно да прави 80 отсто од потрошувачката).

Ако надминеме 80 отсто од потребното и она што го сакаме, се смета дека трошиме повеќе отколку што можеме да си дозволиме и тоа може да биде причина за задолжување.

Како да се примени формулата за заштеда на пари?

За оние на кои планирањето на буџетот не им е силна страна, оваа формула може да биде решението.

Еден од советите е да го приспособите сопствениот животен стил, да пронајдете рамнотежа помеѓу трошењето и заштедата и да се грижите за иднината.

Овој метод на заштеда подразбира дека е многу важно правилно да се дефинираат потребите и желбите.

Важно правило е да бидете отпорни на неуспеси. Можеби методот нема да функционира за секого, бидејќи луѓето имаат различни начини на живот, трошење и заштеда, цели, расположенија и нивоа на приход. За некои, формулата за заштеда 80/20 може да биде предизвик. Важно е да се обидеме, но и да вежбаме бидејќи правилото на формулата за заштеда на 80/20 може да биде тешко на почетокот сè додека не дојде денот кога веќе нема да биде наша „работа“ да одвоиме дел од приходот пред да потрошиме пари на нешто.


Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот