Случај на 71-годишна жена од Колан, во Задаарска жупанија која се водела како личност која се излекувала од Ковид-19, предизвика збунетост во Хрватска.
Имено, збунетоста настанала откако нејзините тестови во средата повторно биле позитивни, а наредниот ден резултатот од повторениот тест бил негативен.
Жената се заразила додека била во Специјалната болница за ортопедија во Белград. Откако ги добила симптомите, била тестирана за Ковид-19, а нејзиниот тест бил позитивен.
По одредено време закрепнување, таа била повторно тестирана за да се утврди дека вирусот повеќе не е присутен во нејзиното тело. Била тестирана двапати, во интервали од 48 часа. И двата резултати биле негативни, што значи дека повеќе го немала вирусот.
Но, таа повторно ги добила симптомите на болеста, повторно била тестирана, а тестот бил позитивен, за нејзиниот тест денес повторно да биде негативен.
Од Штабот за цивилна заштита од Задарска жупанија велат дека станува збор за специфичен случај и дека нејзините тестови биле испратени во хрватскиот институт за јавно здравје, кој треба да даде свое мислење за овој случај.
Фото: Pixabay