X
 25.10.2019 Технологија

Официјално е: „Гугл“ тврди дека постигнал квантна надмоќ

Со недели има шпекулации дека технолошкиот гигант „Гугл“ постигнал квантна надмоќ, што значи дека користел експериментален квантен компјутер за да изведе калкулација која е значително побрза од обичен бинарен компјутер.

Во мистериозна објава забележана од „Фајненшал тајмс“ на страница на НАСА, истражувачите на „Гугл“ тврдеа дека го направиле првиот квантен компјутер, но објавата брзо беше избришана и тоа поттикна многу дебати за валидноста на тврдењето.

Но, „Гугл“ официјално го објави трудот во престижното списание „Нејчр“, во кој тврди дека квантниот компјутер „Сикамор“ извршил случајна калкулација поврзана со генерирање за само 200 секунди - задача која на најмоќниот суперкомпјутер би му одзела 10.000 години, според технолошкиот гигант.

Мегакорпорацијата е многу горда на постигнувањето. Извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи, дури и го спореди ова со настанот кога браќата Рајт го направиле првиот авионски лет во 1903 година.

Најголемиот конкурент на „Гугл“ во однос на квантните компјутери, компанијата ИБМ, пак, се буни. Од оваа компанија истакнаа дека експериментот на „Гугл“ е одлична демонстрација на напредокот во квантни компјутери базирани на суперспроводливост, но не треба да се гледа како доказ дека квантните компјутери се врховни над класичните компјутери.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија