X
 28.06.2021 Образование

Царовска: Сакаме учениците да се вратат во клупите, но има уште две сценарија

Министерката за образование и наука Мила Царовска изјави дека најдоброто и најпосакувано сценарио кај сите во Владата е целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно здравствените протоколи и доколку биде стабилна епидемиолошката состојба. Но, таа додаде и дека ако тоа не може да се спроведе Министерството за образование и наука е подготвено и за две други.


-За тоа ќе одлучува Комисијата за заразни болести, но сите очекуваме состојбата во летниот период и во септември да биде добра и затоа очекуваме ова сценарио да биде спроведливо, но МОН е подготвено и за две други.  Второ сценарио е кога наставата ќе биде како и во 2020/2021 – дел со физичко присуство и дел на онлајн-настава, а трето сценарио – во не многу критична состојба, поделба во групи, односно ротирање на учениците на една недела за физичко присуство во училиштата, за да нема нивно целосно затворање - истакна министерката.


Таа додаде дека МОН заедно со локалните самоуправи и директорите ќе биде подготвено на 1 септември.

– За трите сценарија, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите ќе биде подготвено на 1 септември. Но, сите ние очекуваме и сакаме 1 септември да го почнеме со сите ученици во клупи, секако согласно здравствени протоколи, но значајно е наставата да се одвива во училниците - изјави Царовска.

Насловна фотографија: vlada.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование