Студентите Марија Василевска и Димитар Вергов од ФИНКИ, во рамките на предметот Медиуми и комуникации, изработија проект-истражување на тема „Гејмификација во наставата“.
Овој проект има цел да истражи и да имплементира технолошка гејмификација во наставата, со цел да ги подобри образовните резултати преку зголемена мотивација и интеракција. Гејмификацијата може да обезбеди динамично и инклузивно учење, кое ги поттикнува учениците активно да учествуваат во процесот на учење, а не само пасивно да примаат информации, наведуваат студентите. Додаваат дека гејмификацијата може да ги трансформира овие негативни тенденции преку воведување интерактивни и забавни елементи кои ги ангажираат учениците и го поттикнуваат нивниот интерес.
Студентите заклучиле дека гејмификацијата има позитивен ефект врз ангажираноста на учениците, што е видливо од зголемениот интерес и мотивација за учење. Ова сугерира дека гејмифицираните активности создаваат стимулирачка и мотивирачка средина која поттикнува активно учество. Сепак, истражувањето покажало дека влијанието врз соработката и самодовербата, иако позитивно, не било статистички значајно. Ова укажува на потребата од понатамошно истражување за подобро разбирање на овие аспекти.
Во продолжение може да го видите целото истражување:
„Гејмификација во наставата“