X
 28.07.2021 Живот

Реченици што ги користат манипулаторите за да ве контролираат

Манипулаторите имаат моќ да владеат со вас кога ќе почнете да ги преиспитувате сопствените мисли, чувства и уверенија. За да ги забележите навреме, ова се најчестите фрази што ги користат манипулаторите за да ги контролираат другите.

„Не ме разбра“

На сите ни се случува понекогаш погрешно да разбереме нешто, но манипулаторот намерно ќе ве обвини и ќе ви зборува дека не сте разбрале добро што сака да ви каже, иако тоа можеби не е точно. На тој начин тие прават да се чувствувате несигурни и да се сомневате во себе, со што ја преземаат контролата над она што го мислите, зборувате и верувате.

„Премногу драматизираш“

Манипулаторите многу често ја користат оваа или слични фрази. Кога манипулаторот ве означува како личност која премногу драматизира, оневозможува да ги изразите сопствените чувства и да го кажете тоа што го мислите. Секогаш кога ќе сакате да споделите проблем, ќе ви каже дека претерувате.


Фото: Pixabay

Набргу ќе почнете да ги задржувате работите за себе, а манипулаторот ќе може да зборува што било бидејќи ќе сакате да одбегнете конфликт. Со тоа манипулаторот може да управува со вас.

„Ти требам“

Крајната цел на манипулаторот е целосната контрола. Овие луѓе сакаат да мислите дека без нив не може да функционирате. Доколку почнете да верувате во тоа, тие целосно ќе ве контролираат.

„Ти си...“

... љубоморна, зајадлива, параноична и слично. На тој начин манипулаторот создава чувство на сомневање во сопствените одлуки и постапки кај жртвите. Доколку манипулаторот постојано го повторува истото, жртвата на крај ќе почне и да верува во тоа.

Извор: Dnevnik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот