X
 28.07.2022 Здравје

Напредок во создавањето универзална вакцина за ковид-19 и настинка

Британски научници направиле ветувачки напредок во развивањето универзална вакцина против коронавирусот и обичната настинка.

Развивањето вакцина која штити од повеќе различни коронавирусот е голем предизвик, изјавиле научници од Институтот „Френсис Крик“ во Лондон. Тоа е тешко бидејќи ова семејство на вируси има многу клучни разлики, често мутира и општо предизвикува нецелосна заштита од повторно заразување. Поради тоа, луѓето настинуваат повеќепати и може да се заразат повеќепати од Сарс-КоВ-2, коронавирусот кој предизвикува ковид-19.

Универзалната вакцина против коронавирус и настинка би требало да ги активира антителата кои го препознаваат и неутрализираат коронавирусот за да се спречи вирусот да влезе во клетките на домаќинот и да се размножи, изјавиле научниците.

Истражувачите откриле дека по вакцинирање глувци со универзалната вакцина, тие создале антитела кои може да неутрализираат низа други животински и човечки коронавируси. Тука се вклучени и коронавирусот кој предизвикува обична настинка и повеќе соеви кои предизвикуваат ковид-19, меѓу кои и делта и омикрон.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје