X
 28.07.2024 Живот

За храброста на пожарникарите, најдобрите дипломци на ХЕФ и на Фармацевтскиот факултет... Што пишувавме неделава?

Иван Станишковски е најдобар дипломец на ХЕФ: „Со стекнување меѓународно искуство можам да донесам иновативни решенија кај нас“

Моите амбиции се постојано да ја проширувам мојата експертиза, да поттикнувам позитивни промени во зачувувањето на животната средина и да ги инспирирам другите да се здружат во напорите за зачувување на нашите природни ресурси за подобра иднина. Имам цел да се залагам за построги еколошки регулативи и политики кои поддржуваат долгорочно еколошко здравје и издржливост, посочува Иван

Со опрема и возила стари 30 години, пожарникарите ги ризикуваат своите за да ги спасат животите на другите луѓе

Противпожарните бригади во земјава имаат недостиг и на кадар и на нова опрема за гасење пожари. Деталното истражување на Центарот за граѓански комуникации од јуни 2023 година покажа дека на ниво на држава недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги користат се стари во просек по 27 години.
Половината од вкупно 284. противпожарни возила кои ги регистрира истражувањето на ЦГК се постари од 30 години.

Теодора Мазнева, најдобар дипломец на Фармацевтскиот факултет: „Фармацевтот е најдостапниот здравствен работник кој неуморно работи на зачувување на човековото здравје“

Посветеноста, самодисциплината, истрајноста и фокусот на студиите, на Теодора Мазнева, првенец на генерација на Фармацевтскиот факултет со просек 9,81, ѝ го донесоа признанието за еден од најдобрите студенти на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за учебната 2022/2023 година.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот