X
 13.09.2020 Наша тема

Мила Царовска за приоритетите во образованието, оценувањето на учениците, како ќе се студира, може ли домашниот туризам да донесе девизи... Што пишувавме неделава?

Легнувам и станувам со моите задачи за да ја пребродиме кризата, но и за да го трансформираме образованието, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во ексклузивното интервју за Факултети.мк. Како ќе учат студентите во новата академска година? Како ќе се учи во училиштата и на факултетите, како ќе се оценуваат учениците, какви лекции научивме од пандемијата и како може да ги искористиме за да ја подобриме економијата, за учениците што ни носат награди, за заштитата на здравјето и олеснување на животот...

Ова се дел од темите на кои бевме фокусирани изминатата недела.


Мила Царовска 

- Конкретно, сосема поинаква ќе беше мојата мисија во услови без пандемијата на коронавирусот и оваа сегашната, каде што мораме сите, без исклучок, да покажеме врвна умешност, знаење и пред сè посветеност и искрена волја да направиме максимум, да создадеме услови да ја креираме нормалноста во еден од најчувствителните сегменти на една држава - вели Царовска




Најголемите државни универзитети ги организираат наставата и полагањето во наредната академска година. Се потпираат на информациите за актуелната состојба со пандемијата, но и на ресурсите што ги поседуваат. 

Кожуф (фото: Иван Кал'чев)

И како се отвораа патиштата за нова викенд-тура во „непознатата“ Македонија, така се отвораа и прашањата: Ќе се свртевме ли вака кон домашниот туризам, кон нашите туристички дестинации, кон домашните природни убавини да не беше пандемијата? Дали коронавирусот нè сврте кон домашниот туризам? Дали затворените граници ни ги отворија хоризонтите кон дома и кон она што досега беше речиси невидливо за повеќето од нас?


Проф.д-р Јована Стефановска

Јована Стефановска, професорка по паразитологија и паразитски болести на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, вели дека ова лето најголем проблем прави тигрестиот комарец, кој од неодамна е доселен во нашата земја. Освен за тоа дека класичните методи за прскање не помагаат за овој комарец, таа објаснува и како да се заштитиме, колку помагаат средствата што ги купуваме...

Фото: Борче Поповски

750 студенти од можни 1.000 се примени на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, со што на овој факултет има најголем интерес за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Деканот Иван Чорбев вели дека очекуваат заинтересирани и во вториот и во третиот уписен рок, но и дека очекувале интересот да биде помал поради помалобројната генерација на матуранти годинава.


Фото: Влада

Со определувањето за Македонија како самостојна и суверена држава во целост се остваруваат историските стремежи на македонскиот народ за национална слобода и сопствена држава. Што порачаа МАНУ, УКИМ и УКЛО три дена пред референдумот во 1991 година.

Сашко Потер Мицевски

Неговите блиски велат дека тој е жив доказ дека соништата се остваруваат. Од вљубеник во Хари Потер-сагата до директен учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки: Злосторствата на Гринделвалд 2“, кој е дел од мегапопуларен серијал. Документарните филмови се негова голема љубов, но вели од нив не се живее во Македонија. „Сите ние ќе умреме“ му е последен филм, чија премиера беше на фестивалот „Македокс“ во август.
Сашко Мицевски е голем поборник за заживување на кинокултурата во Штип и живее на релација Штип-Скопје-Англија.



Елизабета Секирарска

Многу долго размислував кој концепт и каква структура да оформам со моево писание. Како ретко кога, напишав неколку варијанти и искрено, како ги препрочитував, сфаќав дека всушност ми стојат непотребни и ниту едно нема сила да ги посочи нештата, колку и да се очигледни, мерливи и мачни - а толку многу се. Ми личи дека нема сила во нив да им даде тежина на еден издржан факт за кој навистина треба да се размисли. Нема ни потреба. Ова ми се случува од една едноставна причина: сфаќам дека нештата веќе се навистина надвор од контрола, обоени со индивидуални хоризонти брутално истопорени пред колективниот интерес, зачинети со невидена разединетост, неукост, немање сенс за болка, за внимателност, за грижа. За човечност, конечно. Можеби сите сме изморени веќе. Можеби сите мислиме дека ако нештата не ги гледаме, не постојат. Ако не ги чувствуваме, не нè болат. Но, за жал, тука се. Толку многу се тука, а по наша вина, немаат намера да си заминат и да нè остават да живееме на мир. Сè уште не – убаво и обилно ги храниме со сопственото однесување - вели професорката Елизабета Секирарска во нејзината последна колумна. 

М-р Оливер Станојоски, Биро за развој на образованието

Во основното образование се планира комбиниран начин на оценување, што подразбира поддршка на учениците при реализација на настава на далечина преку следење на ученикот, како и повремени консултативни, односно менторски средби со ученикот во училница.

- Организирањето на повремените консултативно-менторски средби или часови за следење во училиште, за поттикнување на учениците и проверка на постигнатото и вреднување на нивните знаења, е со цел да се надополнат одредени празнини во учењето од далечина, да се поттикне дополнително и продлабочено учење, но и да се развива грижа за социјалниот и емоционалниот развој на ученикот, и најважно - да се вреднуваат практични вештини што тешко можат да се демонстрираат во виртуелната училница - вели Станојоски.
Во основното образование се планира комбиниран начин на оценување, што подразбира поддршка на учениците при реализација на настава на далечина преку следење на ученикот, како и повремени консултативни, односно менторски средби со ученикот во училница.

- Организирањето на повремените консултативно-менторски средби или часови за следење во училиште, за поттикнување на учениците и проверка на постигнатото и вреднување на нивните знаења, е со цел да се надополнат одредени празнини во учењето од далечина, да се поттикне дополнително и продлабочено учење, но и да се развива грижа за социјалниот и емоционалниот развој на ученикот, и најважно - да се вреднуваат практични вештини што тешко можат да се демонстрираат во виртуелната училница - вели Оливер Станојоски.

Сара Стефановска

Осмоодделенката Сара Стефановска од Крива Паланка освои бронзен медал на Европската младинска олимпијада по информатика. Таа се закити со медал во конкуренција од 92 учесници. Ова е трет бронзен медал за македонски тим на оваа олимпијада во изминатите четири години колку што постои.

Тимот го составија: Атина Рувинова (Охрид), Јан Стојановски (Скопје), Иван Јовановски (Прилеп) и Ема Димитриевска (Куманово). Три бронзени медали во четири изданија на Европската младинска олимпијада по информатика.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема