X
 05.10.2015 Култура

Бегалци, мигранти, терористи? Справување со фактите и предрасудите



Скопје, 5-ти октомври 2015 - Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), на 5-ти октомври во Александар палас организираше панел дискусија на тема „Бегалци, мигранти, терористи? Справување со фактите и предрасудите“ по повод одбележување на 10 годишнината од постоењето на овој универзитет. Имајќи ги предвид драматичните случувања со миграциските движења во изминатиот период кои не ја заобиколуваат нашата држава, како и големите предрасуди и факти кои пропорционално и следствено произлегуваат oд таквите случувања, оваа панел дискусија имаше за цел да даде придонес кон дебатата и размислувањата околу справување со моменталната бегалска криза која ја засега и Република Македонија. На панел дискусијата присуствуваа видни професори и научници, дипломати, амбасадори и претставници од невладиниот сектор. Свое обраќање имаа г-дин Мохамед Ариф, претставникот на УНХЦР Скопје, неговата екселенција г-дин Ернесто Масимо Белели, амбасадор на Република Италија во Македонија, д-р Зоран Шапуриќ, професор на УАКС, г-ѓа Сузана Салиу, директор на Центарот за управување со кризи, г-ѓица Мартина Смилевска, претседател на Македонското Здружение на Млади Правници, д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвен Крст на Република Македонија и г-ѓа Марија Тодоровска, програмски директор во НВО Отворена Порта.

Модератор на тркалезната маса беше д-р Марина Андева, доцент на Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Со своето обраќање претставникот на УНХЦР во Скопје, г-дин Мохамед Ариф, говореше за улогата на УНХЦР во Република Македонија и активностите кои се се имплементираат, а кои се насочени кон згрижување и обезбедување помош на бегалците кои транзитираат низ Југоисточна Европа, но пред се низ Република Македонија. Г-дин Мохамед Ариф истакна неколку клучни прашања во однос на позицијата на УНХЦР за актуелната бегалска криза посочувајќи на фактот дека 80% се сиријци од мигрантитие воедно дека кризата ќе продолжи понатака и нема да се реши во блиска иднинаи, со проекција дека ќе се зголеми бројот на мигранти и бегалци , посебно од Сирија и дел од Авганистан.

Амбасадорот на Република Италија во Македонија, г-дин Ернесто Масимо Белели, говореше за тоа дека италијанците барааат од ЕУ да се соочат со проблемот во врска со мигрантите. Зголемување на мигрантите во 2013 година изнесуваше 296%. Г-дин Масимо Белели истакна дека сите земји во шенген зоната вклучувајчи ја и Италија , треба да го земат предвид протокот на миграција и да го намалат во следниот период. Треба да се земе предвид поделбата помегу северните и јужните земји.Сите земји во Европа треба да учествуваат во решавање на овој глобален проблем. Сепак постои надеж дека во најскоро време ќе се изнајде соодветно решение за стабилизација и решавање на овој феномен кои ке им помогне како на европските така и на неевропските земји да го решат овој проблем во поглед на бегалците и мигрантите. Проф. д-р Зоран Шапуриќ во своето излагање, на кратко ги образложи политиките и правото на ЕУ во областа на миграции и азил, воедно дека ЕУ широко ги отвори своите врати и покажа висок степен на солидарност. Со тоа се обезбедува финансиска подршка за земјите кои се зафатени со проблемот и миграциите. Додека пак во 2016 година се очекува фискална дисциплина на тоа прашање.



Директорката на Центарот за управување со кризи на Република Македонија г-ѓа Сузана Салиу, ја презентираше работата како и структурата на Центарот на ниво на целата територија на Република Македонија со посебен акцент на тоа дека финансиите преставуваат голем проблем за справување со мигрантската криза. Ретроспективно се потсетивме на 3те кризни сосотјби во Р. Македонија

1- 2007 год поради пожари
2 - 2013 електоенергетска криза
3 - криза со мигрантитие

Воедно г-ѓа Салиу потенцираше дека денеска (ЦЕК) ценатрот за економски кризи прославува 10 години од постоеење.

Панел дискусијата исто така се осврна особено на хуманитарната активност на организациите кои со свои претставници учествуваа на овој настан. Д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот Крст на Република Македонија ги презентираше активностите на Црвениот Крст дискутирајќи за прашања поврзани со хуманитарните активности насочени кон обезбедување на поддршка и помош на мигрантите на терен. Црвениот Крст од 2012 год се занимава со давање на здравствени услуги на бегалците. Од 1 јуни 2015 год. ЦК асисистирал околу 115 илјади случаи.

Детали околу актулените правни прописи и процедури во Република Македонија беа дискутирани од страна на г-ѓа Мартина Смилевска, претседател на Македонското Здружение на Млади Правници. Програмскиот директор при НВО Отворена Порта, г-ѓа Марија Тодоровска говореше за активностите на оваа организација кои се реализираат преку посебната програма за поддршка на мигранти и баратели на азил, посочувајќи исто така за предизвиците со кои оваа организација се соочува на терен.

Панел дискусијата заврши со покана до сите гости и панелисти да присуствуваат на прославата која следеше во 20.00 часот во хотел Александар Палас, по повод 10 годишниот јубилеј на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Изјави од панелистите:

Мохамед Ариф– 80% се Сиријци ид мигрантите. Треба да се одобри барањето на азил .Унхцр- 2 начини за осигурување. Првин да се декларира дали постои војна (пр, Сирија) или лицето да има извршено некое кривично дело. УНХЦР е во соработка со владата, каде им обезбедуваат заштита на бегалците во нашата земја. Г-дин Ариф вели дека ситуацијата нема да се реши во блиска иднина и дека кризата ќепродолжи понатака , и се очекува да се зголеми бројот на мигранти и бегалци , посебно од Сирија и дел од Авганистан.

Ернесто Масимо Белели- Италијанците барааат од ЕУ да се соочат со проблемот во врска со мигрантите. 296% зголмеување на мигрантите во 2013 година. Сите земји во шенген зоната вклучувајчи ја и Италија , треба да го земат предвид протокот на миграција и да го намалат во следниот период. Треба да се земе предвид поделбата помегу северните и јужните земји.Сите земји во Европа треба да учествуваат во решавање на овој глобален проблем. Белели – вели дека во најскоро време се надева дека ќе најдат соодветно решение за стабилизација и решавање на овој феномен кои ке им помогне како на европските така и на неевропските земји да го решат овој проблем во поглед на бегалците и мигрантите.

Зоран Шапуриќ – ЕУ широко ги отвори своите врати и покажа висок степен на солидарност. ЕУ обезбедува финансиска подршка за земјите кои се зафатени со проблемот и миграциите. Во 2016 година се очекува фискална дисциплина.

Сузана Салиу – (ЦЕК) ценатрот за економски кризи прославува 10 години од постоеење. Финансиите преставуваат голем проблем за справување со мигрантската криза.

3 кризни сосотјби во Р. Македонија
1- 2007 год поради пожари
2 - 2013 електоенергетска криза
3 - криза со мигрантитие

Зимските услови главен проблем за попречување на мигрантите.

Мартина Смилевска – Г-ѓа Смилевска ги презентираше активностите на здружението кои се реализираат на терен а кои што се однесуваат на обезбедувањето на правна помош и советување на мигрантите во земјата. Саит Саити – црвен крст од 2012 год се занимава со давање на здравствени услуги на бегалците. Од 1 јуни 2015 год.ЦК асисистирал околу 115 илјади случаи.

Програмскиот директор при НВО Отворена Порта, г-ѓа Марија Тодоровска говореше за активностите на оваа организација ги образложи причините и правата во однос на поднесување на барањето за азил.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура