X
 28.09.2022 Економија

Шпанија планира дигитални номадски визи за лицата надвор од ЕУ

Шпанија планира да издава дигитални номадски визи за Британците и другите граѓани надвор од Европската Унија. Визите ќе им бидат понудени на луѓето што работат на далечина за компании надвор од Шпанија и кои остваруваат најмногу 20 отсто од своите приходи од шпански фирми.

Законот за дигиталните номадски визи допрва треба да биде усвоен и потребно е да се објаснат некои детали, но се очекува визата да важи една година, со можност за продолжување до 5 години во зависност од околностите на подносителот. Блиските роднини, како што се сопружниците или децата, ќе имаат право да му се придружат на барателот во барањето за виза.

Кандидатите за оваа виза мора да живеат надвор од европската економска зона и да покажат дека работат на далечина најмалку една година. Тие мора да имаат договор за работа или да покажат дека биле вработени во компанија надвор од Шпанија.

Мора да покажат и дека ќе заработуваат доволно за самостојно да се издржуваат во Шпанија. Во првите четири години ќе плаќаат данок од 15 отсто наместо стандардните 25 отсто.

Извор: 021
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија