X
 28.09.2022 Наука

Ударот на сондата во астероидот Диморф бил снимен и од Земјата

Мисијата на Американската вселенска агенција НАСА за предизвикување удар на сонда во астероид била толку успешна, што судирот можел да се види од Земјата, иако за тоа бил потребен голем телескоп.

Тим Листер од опсерваторијата „Лас Кумбрес“ на „Твитер“ објавил видео од судирот снимено со телескоп во Јужноафриканската Република. Моментот го покажува удирањето на сондата ДАРТ (DART - Double asteroid reduction test) во астероидот Диморф.



Листер не е единствениот што објавил видео од судирот. Проектот АТЛАС на НАСА и Универзитетот во Хаваи споделил видео од судирот направен од својот телескоп.



Диморф не претставувал закана за Земјата, но мисијата треба да ја тестира способноста на НАСА за соочување со астероид кој би можел да претставува опасност за Земјата во иднина.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука