X
 22.09.2018 Забава

Министер кого го следат повеќе од милион луѓе, а девојките се луди по него

Малезискиот министер за млади и спорт, 25-годишниот Сајед Садик, е најмладиот министер во историјата на Малезија и стана вистинска интернет сензација.

Имено, на социјалните мрежи го следат повеќе од милион луѓе, секако првенствено жени. Садик е роден во 1992 година во градот Пулаи во Малезија и има тројца браќа и сестри.

-Тој е еден од највредните луѓе кои ги познавам. Многу сум горд на него - вели неговиот брат.

Младиот министер сака да излегува, но внимава да не претера во тоа.

-И јас сум човек. Грешам, но ја сакам својата земја и за неа живеам - порача тој.

Садик одбил стипендија на „Оксфорд“ за да се кандидира за министер во Малезија.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава