На крајот од една тајна патека, во аголот на еден од најголемите аеродроми во светот, постои место достапно само за богатите.
За ова место знаат само мал број на луѓе, а до него се стигнува низ дискретната, необележана патека на аголот на аеродромот Хитроу.
Всушност, можете да го посетите местото само ако: а)сте многу богати; б)припаѓате на кралско семејство; в)и двете. Или новинар кој добил специјален пристап.
Добредојдовте во апартманите „Виндзор“, најтајните и најскапите аеродромски соби во светот. Резервирани е за најбогатите, најпознатите ВИП луѓе на планетата. Ова место досега било посетено само од претседатели, принцези и папата, Далај Лама, холивудски актери, плус технолошки гиганти од Сицилиумската долина.
Фото: Daniela Elser
Членовите од секое кралско семејство во светот поминале низ тие врати. Станува збор за светската елита.
Додека повеќето апартмани нудат сендвичи, тука имате стакло отпорно на бомби, слики од Енди Ворхол, француски шампањ и приватен батлер. И тоа е само почеток.
Со години, во овие тајни простории човек можел да влезе исклучиво со покана. Каде инаку би го сместиле Владимир Путин додека го чека својот лет? Сепак, од 2012 година, дозволено е да престојуваат и доста богати луѓе, кои ќе си платат за престојот.
Пристапот до апартманите започнува со 5.055 долари за тројца гости за три часа и тоа е единствениот начин. Ако останете подолго од предвиденото време, вашата сметка автоматски ќе се дуплира. Повеќето клиенти остануваат повеќе од еден час. Сепак, гостите не се загрижени за цената. Некои од нив, носат 100 гости, резервирајќи го објектот пред летот, што е околу 166.000 долари.
Фото: Daniela Elser
Услугата започнува кога гостите се земаат со „БМВ 7“ и се носат до зградата што се наоѓа на крајот од аеродромот Хитроу.
Откако ќе бидете пречекани од страна на вратарот, ВИП луѓето се испратени до нивниот сопствен приватен апартман каде посветениот батлер е достапен за секој каприц, а може да биде повикан со притискање на магично копче. Постои посебен просотр за телохранителите, дадилките, асистентите и останатиот персонал.
На гостите им е доделен и службеник што ги извршува сите досадни документации поврзани со летот.
Фото: Daniela Elser
Апартманите се разликуваат по големина, а сите се украсени со перници и кашмир, италијански кожни гарнитури, дизајнерски маси и импресивни цветни аранжмани. На ѕидовите се наоѓаат дела вредни милион долари, вклучувајќи ги и делата на Енди Ворхол, Френсис Бекон и Лусиан Фројд.
Доколку гостите се гладни, може да изберат од менито подготвено од лондонскиот готвач Џејсон Атертон, кој добил Мишелин ѕвезда.
Ако им е досадно, гостите имаат можност да изберат што сакаат да гледаат на „Нетфликс“, на гигантски телевизор со рамен екран.
Фото: Daniela Elser
Магичното копче пак, освен што е наменето за батлерот, може да им донесе и личен купувач што ќе ги придружува гостите до дизајнерските бутици во терминалот пет, вклучувајќи ги „Булгари“, „Барбери“ и „Гучи“, меѓу другите.
Најголемата атракција за богатите и познатите кои поминуваат низ овие врати е фактот што постои приватна безбедност и имиграциски служби, што значи дека не мораат да застанат во ред за да минат низ рендгенските машини. Во овие апартмани, гостите сами се носат на скенер.
Фото: Daniela Elser
Пасошите ги проверуваат службениците за имиграција кои ги посетуваат гостите во нивните апартмани.
-Ги запознаваме нашите клиенти многу добро. Можеме да им овозможиме многу и имаме стандарди. Ако можат да си дозволат, зошто да не би платиле? - велат од
аеродромот.