X
 28.12.2021 Технологија

Шведска фирма создала имплант кој служи како сертификат за вакцинација

Шведска стартап-компанија создала микрочип кој може да биде имплантиран во кожата, а може да се скенира за податоци поврзани со вакцинација против ковид-19. Изумот е создаден од технолошката фирма „Дсраптив сабдермолс“.

Станува збор за имплант со должина од 16 милиметри, а широчина од само 2 милиметри кој се става под кожата. Ханс Сјоблад, извршен директор во компанијата, открил дека тој има таков чип под кожата кој е програмиран за да го чува пасошот за ковид-вакцинација.

Сјоблад секаде каде што оди има доказ за вакцина, без да носи телефон или печатен сертификат. Еден ваков имплант чини 100 евра.


Фото: Dsruptive Subdermals

Ваквите импланти се корисни само кога се скенираат и не може да се користат како уреди за следење бидејќи не пренесуваат сигнали, објаснува Сјоблад. Чипот може да се ажурира преку апликација, без да се вади.

Истата компанија претходно создала и имплант кој ја мери телесната температура.

- Убеден сум дека оваа технологија ќе се користи и нема да мислиме дека е чудно да имаме имплант во раката - изјавил Сјоблад уште во 2014 година.

Извор: Insider
Фото: Dsruptive Subdermals
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија