X
 26.01.2022 Живот

Студент преку ноќ станал милионер продавајќи селфи-фотографии како НФТ

Студент од Индонезија стана милионер преку ноќ откако продал илјадници фотографии од себеси во облик на незаменливи токени (НФТ) за над 1 милион долари.

Султан Густаф Ал Гозали (22) студира компјутерски науки на универзитет во градот Семаранг. Тој правел фотографии од себеси секој ден во последните 5 години. Секоја фотографија е направена на истото место и со истиот израз на лицето. Неговата идеја била да направи видео спојувајќи ги сите фотографии од секој ден што го поминал учејќи.



Меѓутоа, откако дознал за НФТ, тој одлучил да ги продаде фотографиите бидејќи мислел дека би било смешно да го види својот лик во колекциите на други луѓе. Почнал да ги продава фотографиите на платформата „Опенси“ во декември, а откако познат готвач купил неколку негови фотографии минатата седмица, интересот за неговите фотографии се зголемил.

Над 400 луѓе ги купиле правата за неговите фотографии. Во петокот, една фотографија се продавала за околу 800 долари во криптовалути, иако почетната цена за една фотографија била 3 долари.



Гозали вели дека планира да го инвестира богатството во отворање сопствено студио за анимација. Планира и да продолжи да прави дневни фотографии додека да дипломира.

Извор: Daily Mail
Фото: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот