X
 23.11.2016 Култура

Од која земја би започнала следната светска војна?

Третата Светска војна би можела да започне во Латвија ако Америка се одлучи да ѝ помогне на оваа балтичка земја, вели професоот Пол Д.Милер.

Истакнатиот експерт од Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон, ја предвидел инвазијата на Крим во 2014 година, и сега верува дека Латвија или Естонија ќе бидат следните земји на црната листа на Русија.

 

2


Меѓутоа, бидејќи балтичките земји се во НАТО, сите други земји членки, вклучувајќи ја и Америка која важи за воен гигант, се принудени да ја спасат земјата членка според член пет од договорот на Алијансата. Било каков конфликт во балтичките земји може лесно да се префрли како глобален конфликт.

За време на неговата претседателска кампања, Доналд Трамп изрази резервираност во врска со склоноста на Америка да им помогне на сојузниците на НАТО.

Предупредувањето доаѓа откако рускиот лидер Владимир Путин вчера потврдил дека ги поправал лошите врски со Трамп по неговата анексија над Крим и континуирана поддршка за сирискиот диктатор Башар ал Асад.

Професорот Милер верува дека Путин нема да ја нападне земјата со народ од 2 милиони жители со конвенционални сили.

 

3


Наместо тоа, тврдокорниот руски лидер ќе иницира граѓански немири меѓу етничките Руси, кои сочинуваат 25% од населението на Латвија.

„Тој нема да испрати големи формации на униформирани руски војници - дури и најпретпазливата членка на НАТО нема да игнорира отворена конвенционална инвазија. Наместо тоа, Путин ќе предизвика двосмислена криза користејќи ги Русите кои живеат во оваа земја, и нивното правење безредие, во знак на протест за нивните права и барајќи меѓународна заштита. Ќе се појави сомнително добро вооружен и добро обучен Народен фронт за ослободување на Русите од Балтикот. Неколку атентати врз високи личности и бомбашки напади може да го донесат Балтикот на работ на граѓанска војна“, вели професорот.

По користењето на правото на вето во ОН за да се блокираат меѓународните мировни сили, Путин ќе интервенира под изговор дека го решава конфликтот - се предвидувањата на професорот.

Набљудувачите се согласуваат дека Русија на Путин се залага за „хибридна војна“ наместо конвенционални напади. Оваа мешавина на неконвенционална и конвенционална војна може да вклучи агенти кои не се официјално поврзани со силите на земјата. Понекогаш ова има за цел да создаде клима која ја оправдува воената интервенција. Оваа техника била искористена за да се земе Крим од Украина во 2014 година.

Агентите ја разгориле тензијата меѓу жителите на Крим со руско наследство, и под изговор дека им помагаат, Русите навлегоа.

 

2


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ја обвини Русија за заговор за да го убијат во обид да ја намалат моќта на НАТО. Обвинителите на оваа балканска земја открија експлозивни тврдења дека националистите од Русија извеле план за снајперист да пука во лидерот како дел од обидот за државен удар.

Заговорниците велат дека целта на ова било да се спречи оваа мала земја да влезе во НАТО.

 

2


Друга точка која може да биде во центарот на нова светска војна е Сувалки Гап, кој ги поврзува Москва со сојузникот Белорусија. Токму тука е базирана огромната руска балтичка флота, како и повеќе руски воени бази и нов ракетен систем „Iskander-M“ - нуклеарни боеви глави способни за удирање цели оддалечени дури 500 километри.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура