X
 29.01.2022 Живот

Одморалиште со куќички на дрвја што личат на бамбусовите кошници за ориз

За сите оние што бараат уникатно одморалиште во природата, ова велнес-одморалиште во шумската област надвор од градот Хуижоу, во провинцијата Гуангдонг во Кина, нуди уникатен дизајн.

Дизајнерите од „Дед студио“ сакале да создадат нов пристап со помало влијание на еколошкиот туризам што ќе ги запознае посетителите со пејзажот на еден нов начин. Секоја од куќите е дизајнирана во ист стил, но сите имаат уникатна форма.

1

2

Инспирацијата за изгледот на куќите била од бамбусовите кошници за ориз што често се користат во Кина. Старите кошници со различни големини обично се складираат заедно, создавајќи збирка на предмети што го споделуваат истиот материјален квалитет, но се разликуваат на други начини.

3

4

8

„Дед студио“ се надева дека живеалиштата ќе ги инспирираат посетителите да талкаат низ шумата барајќи нови форми и предмети.

5

6

7

Покрај естетската и културната вредност на бамбусот, материјалот раскажува и приказна за аспирациите на проектот за еколошки туризам. Бамбусот е познат по својата способност да расте неверојатно брзо, а бамбусовите столбови се користат за создавање рамка за секое живеалиште. Ткаените бамбусови влакна создаваат порозна обвивка што го дефинира архитектонскиот стил.

9

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот