X
 27.10.2019 Живот

Во Охајо се отвора луксузен хотел во форма на кошница за пикник

Ова лето преку „Ербиенби“ се изнајмуваше куќа во форма на куче, „Букинг“ нудеше сместување за двајца во форма на авокадо, а во „кошница за пикник“ во Неварк во Охајо моментално се гради хотел.

Станува збор за зграда со седум ката изградена уште во 1997 година, која била седиште на компанијата што изработува дрвени кошници за пикник - „Лонгберџер“. Компанијата во 2018 година пропаднала, па зградата ја купил Стив Кун, основач и сопственик на реставрациската и градежна компанија „Кун“, а сега во неа се отвора хотел со 150 соби.

Кун ја купил зградата за 1,2 милион долари заедно со својот бизнис-партнер Боби Џорџ, кој вели дека по неколку месеци калкулирање одлучиле дека е најдобро да ја претворат во хотел. Џорџ вели дека нема да го менуваат надворешниот изглед и дека зградата ќе ја задржи својата форма на кошница, а оваа одлука ја поздравил и градоначалникот на Неварк, Џеф Хол.

- Зградата е уникатна и заслужува да живее понатаму, а внатре може да ја види кој сака - изјави градоначалникот Хол и додаде дека хотелот совршено ќе се вклопи во неа. Своите врати кошницата за пикник треба да ги отвори во 2020 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот