X
 05.12.2017 Култура

Европски специјалитети што подобро би било да ги избегнете

Во овој период насекаде се приготвуваат специјалитети - некои од нив вреди да се пробаат, некои нема да сакате да ги пробате, но ќе се воодушевите кога ќе ги вкусите. А во Европа постојат и специјалитети чии имиња треба добро да ги запомните - за да не ги нарачате во ресторан. Ова се најлошите специјалитети што ги проба новинарката од „Дојче веле“, Антје Биндер.

1

5. место: Хакарл, Исланд

Местата за сушење на Хакарл во Исланд обично се изолирани, но не е тешко да се откријат: се шири нивната миризба со километри наоколу. Таму се сушат месото и салото од гренландската ајкула која е отровна ако е свежа. Дури кога ќе се закопа за да изгние, после неколку недели месото ќе може да се јаде - за „вистинските“ Исланѓани.

4. место: „Бели бубрези“

2

Иако ова е специјалитет што може да се најде во Хрватска, за многу други Европејци подобро е да не знаат што јадат: тестиси од бик. Не само во Централна Европа, туку и во Шпанија сметаат дека ова е врвен рецепт (и секако афродизијак) - единствено треба да имате храброст да го пробате.

3. место: Лабскаус, Северна Германија

3

Всушност, кога станува збор за вкусот на ова традиционално јадење на германските морнари, сигурно сте го вкусиле доколку имате служено во војска: компири, цвекло, сушено месо и риба. Единствениот проблем е тоа што сè е измешано и изгледа прилично непривлечно.

2. место: Сурстроминг, Шведска

4

Уште со самото отворање на конзервата веднаш ќе побегнете бидејќи рибата харинга шири толку лоша миризба што и произведувачот советува конзервата да се отвори под вода. Процесот на гниење и таму продолжува, така што конзервата на вистинскиот сурстроминг мора да биде надуена од гасовите - токму и затоа се забранува да се носи во авион бидејќи постои можност за експлозија.

1. место: Касу Марзу, Сардинија, Италија

5

Свежи црви што се движат низ сирење... На островот Сардинија ова е врвен специјалитет и велат дека токму екскрецијата на црвите што се движат му дава уникатен вкус на сирењето. Ова сирење е забрането во ЕУ, но на жителите на Сардинија тоа не им пречи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура