X
 29.03.2022 Живот

„Само да рата не буде“: Стихови од песната на Балашевиќ се појавија во Украина

Ѓорѓе Балашевиќ беше против војната во поранешна Југославија, а како порака за мир во светот секогаш ја пееше „Само да рата не буде“.

Стиховите од оваа песна ги објавија уметниците од Украина, а ова на социјалните мрежи го сподели неговиот син Алекса Балашевиќ.

- Стиховите на мојот татко во уште една војна. За жал. Во Украина! Преведено: „Само да рата не буде“. Не е ова ситуација кога гордоста е на прво или второ место, ова е, за жал, ситуација кога гордоста е на последно место, додека молитвата, помошта и тагата не постојат. Милиони пораки од цела Источна Европа добивав кога татко ми замина меѓу ѕвездите, потоа се надевав дека ќе ми пишуваат за неговите љубовни песни, но... Боже помогни - напиша Алекса.

- Културно-уметничко друштво со словенска душа кое го сочинуваат нашите православни браќа Украинци, Белоруси и Руси од Источна Украина ни го испрати ова со наслов: „Наша проста душа словенска“ на улиците во Мирноград, град во Донецката област.

Извор: 6yka.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот