X
 29.04.2019 Живот

Изгубил сѐ во животот и заболел од рак, но денес е милијардер

Кога Торштајн Хаген, основач и сопственик на крузерската компанија „Вајкин крузес“, во 2013 година најави дека ќе влезе во бизнисот со океанските патувања, ретко кој веруваше дека ќе успее. Но, денес компанијата има флота од повеќе од 70 брода и 4 океански крузери.

Хаген ја основал компанијата во 1997 година откако, како што вели тој, останал без ништо.

- Изгубив сè во животот, го победив ракот и не ми остана баш ништо. Успеав да повратам малку капитал. Тоа ви е како со морнарите, ранети сте, но морате да станете и да продолжите, и тоа го направивме - вели тој.

Неговото богатство денес се проценува на 2,4 милијарди долари, а „Вајкин крузес“ е една од водечките компании во тоа поле.

- Израснав во близина на мала река во Норвешка, па водата отсекогаш ми беше драга, но да бидам целосно и брутално искрен, сакам водата да ја гледам од копно - истакнува Хаген и додава дека, од друга страна, сака да го гледа и копното од закотвен крузер.

Во разговор за „Форбс“, норвешкиот милијардер вели дека е фантастично да се носат гостите на нови дестинации каде што можат да запознаваат луѓе од други култури бидејќи тогаш всушност сфаќате дека сите сме прилично слични.

- Верувам дека тоа може да намали многу тензии меѓу културите со кои сме соочени денес во светот - објаснува Хаген.

Практично никој не верувал дека овој Норвежанец ќе успее да изгради ново деловно царство, но тоа не го спречило да го направи тоа.

- Мислам дека не би требало премногу да се грижиме што мислат другите. Јас верував дека е можно и успеав - заклучува 76-годишниот милијардер.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот