X
 29.04.2022 Живот

Јавниот превоз в понеделник ќе сообраќа по неделен возен ред

Поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан бајрам, јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Оттаму додаваат дека в понеделник, од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Утре сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела е неработен ден за сите продажни места.

Од недела Жичницата на Средно Водно ќе работи два часа повеќе, односно од 10 до 20 часот. Во период од 19 до 19:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу, соопштија од ЈСП.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот