X
 06.04.2023 Живот

Сѐ што треба да знаете за месечниот билет за превоз од 49 евра во Германија

Германската Влада неодамна го најави месечниот билет за јавен превоз од 49 евра. Тој ќе биде достапен од 1 мај насекаде низ земјата, а ќе може да го користат и туристи. Билетот ќе може да се купи преку интернет.

Што претставува билетот?

Билетот може да се користи за бесконечен број патувања со регионални возови или локален јавен превоз во земјата. Тој ќе може да се користи секој ден од седмицата, вклучително и на празниците. Месечниот билет може и да се откаже за следните месеци доколку ви е потребен само привремено.

Кој може да го купи?

Месечниот билет ќе биде достапен за сите што патуваат во Германија, странци или локални жители. Патниците треба да имаат профил во соодветната апликација на железничката компанија за да го користат билетот, како и валидна банкарска сметка. Билетот се купува преку апликацијата на „Дојче бан“. Месечниот билет е само за купувачот, а не и за други лица, домашен миленик или велосипед.


Фото: Pixabay

Каде може да се користи билетот?

Билетот може да се користи за превоз на кој било воз на „Дојџе бан“, вклучително и меѓуградските возови. Тој не може да се користи за долги патувања со возови, возење во прва класа и автобуси на „Фликсбус“.

Кога ќе биде достапен?

Билетот ќе биде достапен од 1 мај до 31 декември, а продажбата почна на 1 април. Според првичниот план, билетот ќе се нуди во следните две години.

Како да го купите билетот ако немате сметка во германска банка?

За да го купите билетот, треба да се претплатите преку официјалната веб-страница за билетот или веб-страницата на „Дојче бан“. Единствената опција за плаќање за странци е преку сметка од банка.

Извор: Bored in Munich
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот