X
 22.06.2021 Живот

Што треба да знаете пред да купите крема за сончање?

Доколку купувате крема со заштитен фактор и ве збунуваат ознаките на етикетите, треба да ги запомните само следните работи.

УВА наспроти УВБ

УВБ зрачењето е одговорно за изгорениците на кожата, додека УВА зрачењето ја старее кожата. Конкретно, УВА зраците го стимулираат производството на меланин во кожата, што резултира во потемнување. Меѓутоа, УВА зраците се одговорни за прераното стареење на кожата. Од друга страна, УВБ зрачењето може да предизвика рак на кожата бидејќи предизвикува изгореници на кожата.


Фото: Pixabay

СПФ индекс

СПФ индексот на заштита од сонце се однесува на времето што го поминувате изложени на сонце. СПФ се однесува само на УВБ зрачењето, освен доколу е СПФ 50. Кога нанесувате СПФ 30, можеби нема да изгорите, но сонцето сепак ја оштетува вашата кожа.

Значењето на ПА++++

Ова мерење доаѓа од Јапонија и се употребува сè почесто. Има скала од ПА+ до ПА++++, а знакот + покажува колкава е заштитата од УВА зраците.

Извор: EKapija
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот