X
 29.06.2018 Живот

Подемот на кинескиот Стив Џобс: Животот му го променила книга од 80-тите

Животот на Стив Џобс и на Бил Гејтс и приказната за нивниот успех се голема инспирација за многу претприемачи и стартап-компании бидејќи покажуваат дека ако сте доволно упорни и верувате во себе и во вашите соништа, сѐ е можно. Почетокот на подемот на овие двајца технолошки визионери и нивните компании е опишан уште во средината на 80-тите во книгата „Оган во долината: Создавањето личен компјутер“, која била задолжително четиво за сите млади претприемачи и љубители на технологијата.

stiv
Фото: AFP


Оваа книга му го променила животот и на еден кинески студент кој ја прочитал кон крајот на 80-тите години и толку бил воодушевен, што веднаш знаел што сака да работи во иднина - сакал да почне сопствен бизнис и да основа компанија. Овој кинески студент е Леи Јун, денес извршен директор на една од најголемите стартап-компании во светот и една од најпопуларните мобилни компании „Ксиаоми“.

Интересно е тоа што иако „Ксиаоми“ го нарекуваат кинескиот „Епл“, а него го нарекуваат кинескиот Стив Џобс, стратегиите на неговата компанија се разликуваат од „оригиналниот“ „Епл“ бидејќи наместо скапи производи што не можат да си ги дозволат сите луѓе, „Ксиаоми“ е познат по пристапните цени на мобилните уреди со одличен квалитет.

Во книгата што го следи неговиот живот, „Зграпчување на моментот на можноста“, Јун опишува дека по читањето на книгата за Џобс и Гејтс, во него се пробудила страст за технологијата и претприемаштвото и добил голема инспирација.

- Ако имате сон, тогаш треба да го следите, можеби на крајот ќе основате голема светска компанија - коментира Јун.

Првата компанија ја основал во текот на последната година од студирањето - станува збор за компанија за производство на чипови за компјутери со која се прославил, но тоа бил само првиот чекор во претприемаштвото, а врвот на кариерата го очекува по излегувањето на „Ксиоми“ на берзата, чија вредност би требало да изнесува помеѓу 50 и 70 милијарди долари.

Денес, кога гледа наназад и на основањето на првата компанија, вели дека сето тоа изгледа чудно бидејќи тогаш никој не ни размислувал за тоа кој би можел да вложи во компанијата, како да отвори сметка во банката или на кој начин да заработува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот