X
 29.06.2021 Здравје

Еве како да си земете сертификат ако сте прележале ковид-19

Во системот „Мој термин“ отсега има можност за издавање сертификат за прележан ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.

-Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем - стои во соопштението.

Од министерството додаваат дека сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk. Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, датум на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје