X
 29.07.2021 Живот

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река за светско природно богатство

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство, соопшти Министерство за животна средина на својата фејсбук-страница. 

Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесе на вчерашната проширената 44. сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).

- Нашата држава доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од националниот парк Маврово. Имено, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години, е признат за светско природно богатство на УНЕСКО на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа - стои во соопштението од Министерството за животна средина.




Номинацијата ја иницираа Министерството за животна средина и просторно планирање и „Национален парк Маврово“, а е изработена со поддршка на Институтот за екологија од Клагенфурт, Австрија, и национални експерти.

фото: Министерство за животна средина (ФБ-страница)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот