X
 03.11.2016 Здравје

Јапонски рецепт за силен имунитет


Јапонски рецепт за силен имунитет

Секој што барем еднаш во животот прошетал во густа шума, гарантирано уживал во убавините на природата. За некои луѓе тоа било доволна причина да го преселат живеалиштето во шумите или покрај нив, но и доволно силен агенс за другите да се закренат илјадници километри само да прошетаат низ шумите, на пример, на Редвуд, или во прашумите на Костарика и Еквадор.

Меѓутоа, научници од Јапонија открија дека традицијата што се нарекува Шинри-иоку или „шумска бања“ и натаму е многу силна, а причините се од биохемиска природа.

Имено, истражувачите заклучиле дека присуството во шума го поправа имунитетот, што е важен во спречувањето на сериозни и хронични болести.

Но, како се случува тоа?

Кога научниците тестирале луѓе пред и после двочасовна прошетка во шума, кај сите, освен кај едно лице, пронашле над 50% бели крвни зрнца. Сите имале понизок крвен притисок, чувствувале смиреност и бистрина во главата.

Шумските дрвја и растенијата емитираат „антимикробни испарливи органски соединенија од растенијата, наречени фитонциди, кои ги уништуваат бактериите и габите“. Габите и бактериите се штетни за нашиот имунитет, а се испоставило дека не им се омилени нити на дрвјата.

Шумските стебла се стари стотици и илјадници години. Дрвјата и другите растенија ја усовршиле заштитата, односно соединенијата коишто можат да ги уништат бактериите и габите. Кога се движиме низ шумата, нашиот здив се поврзува со овие компоненти. Ефектот од овој спој трае околу два месеци.
Може да се рече дека кога пешачиме низ шума, практично се бањаме во нејзиниот природен имунитет. Нурнуваме во „фитохемискиот“ имунолошки систем на шумата.

Професорот Кинг Ли од одделението за хигиена и јавно здравје на медицинската школа во Токио, ѝ ја претставил оваа приказна на американската авторка на научни текстови, Ени Лени Филипс.
Во статијата се наведуваат попрецизни информации во врска со ефектите на специфичните хормони, вклучително и ефектите од норадреналинот и DHEA хормонот врз стресот и адипонектинот. Имено, пониското ниво на антипонектин е поврзано со дијабетесот од тип 2 и со дебелината. 

Студијата е објавена во European Journal of applied physiology.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје