Соба за чај, тавани високи 5 метри и внатрешна лулашка се само неколку од погодностите што ги нуди оваа шармантна малечка куќичка во шумата Свананоа, Северна Каролина.
Малата куќа, соодветно наречена „Нук“ (анг.The Nook - скришно место, ќоше), е опишана како колекција приказни за културната и личната историја, екологијата и занаетчиството. Доволно е да се каже дека ова место ви нуди чувство како да сте во куќа од бајките.
„Нук“ е дело на фотографот Мајк Белем, кој побарал помош од дизајнерското студио „Шелтер колектив“ за да ја изгради оваа
мала кабина. Секој аспект бил исткаен, обликуван и создаден со рака. Куќарката од 37 метри квадратни иако е релативно мала, е прилично моќна. Има кујна, дневна, бања, агол за спиење со голем кревет и две простории - една за забава, друга за чај.
Во куќата се наоѓа и внатрешна лулашка, сместена во дневната, поставена точно пред големите прозорци.
Сè на сè, малата куќа е светла и пространа. Осветленоста може да се припише на големите прозорци и лизгачката стаклена врата. Надворешноста е изградена од чемпрес и има елементи како црн орев и локална граѓа.
Извор:
Apartmenttherapy.com
Фото:
Mike Belleme/Instagram