X
 29.07.2022 Наука

Откриени совршено подредени дупки на дното на океанот

Група научници забележале совршено подредени дупки на дното на Атлантскиот Океан кои претставуваат мистерија. Дупките изгледаат како дело на човек, но не е јасно како биле направени на океанското дно.

Тие биле откриени на 23 јули, но претходно имало дописи за нивното постоење. Агенцијата за истражување на океаните НОАА ја повикува јавноста да предложи теории за создавањето на дупките.

Според организацијата, дупките изгледаат како да се направени од човек, но од нивните страни има земја, поради што изгледа како да се ископани од нешто.

Дупките се пронајдени во дел од океанот кој ѝ припаѓа на Португалија.



Извор: Independent
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука