Стартапот „Гејтвеј фондејшн“ планира да лансира луксузен хотел во вселената наречен „Вселенска станица Фон Браун“, во чест на нацистичкиот ракетен научник кој прв го замислил концептот во 50-тите години.
Планот е да се лансира модуларна вселенска станица направена од два ротирачки концентрични прстени, за кои од компанијата тврдат дека до 2025 година ќе обезбедат вештачка гравитација која ќе биде силна колку една шестина од гравитацијата на Земјата.
И покрај одбивноста на името, се планира вселенската станица да биде повеќе како крузер отколку како стерилна истражувачка населба, како што е Меѓународната вселенска станица.
Тим Алаторе, архитект од „Гејтвеј фондејшн“, замислува удобно искуство на патување низ вселената со барови и ресторани. Тоа создава дополнителни логистички предизвици кои сè уште не се совладани од страна на вселенската индустрија - како наоѓање начин како да се справи со исцрпувањето на кујната.
Алаторе вели дека во стартапот се надеваат дека ќе имаат по 100 посетители секоја недела, почнувајќи од 2025 година откако вселенските роботи ќе завршат со составувањето на орбиталната станица. Но, тоа значи дека некој друг треба да изгради роботи за градење во вселената, како и вселенски брод кој може да транспортира цивили во вселената во
групи.
- На крајот одењето во вселената ќе биде само уште една опција која луѓето ќе ја одбираат за нивниот одмор, исто како одење на крстосување или во „Дизниленд“ - истакна Алаторе.