X
 29.09.2016 Живот

Знаци кои ќе ви покажат дека сте поуспешни отколку што мислите

Одвреме навреме, ќе треба да застанете и да ги помирисате вашите рози: Не само што тоа е добро за вас, туку тоа ќе ве мотивира да засадите уште повеќе.

Ако се споредувате со некои одредени луѓе, лесно би било да се чувствувате неуспешни. Доколку сте претприемач и се споредувате со Ричард Бренсон, вие ќе изгубите. Ако сте музичар и се споредувате со Тејлор Свифт (особено ако точката на споредба е заработката), ќе изгубите. Ако вашата цел е да го смените светот, а се споредувате со Стив ... ќе изгубите.

Тоа е проблемот со споредувањето. Без разлика на тоа колку успешни се чувствувате, секогаш ќе има некој кој е поуспешен од вас. Секогаш ќе има некој подобар, или попаметен, или побогат, или навидум посреќен.

Па, ајде престанете да се споредувате и фокусирајте се само на вас. Еве неколку знаци кои ќе ве поттикнат да размислите дека сте поуспешни отколку што можеби си мислите дека сте, а пред се ќе сфатите дека сте посреќни, отколку што мислите:


1. Вие имате доволно пари што може да направите позитивни избори


Многу луѓе живеат од плата до плата. Уште полошо, многу треба да се одлучат за потребите. (Жена ви сигурно ви спомнала некогаш дека таа мора да се одлучи помеѓу пополнување рецепт за антибиотик или ставање на бензин во својот автомобил.)

Ако заработувате доволно пари, и не трошите толку многу, тогаш може да направите позитивен избор за тоа што би направиле со дел од нив:  дали тоа би било инвестирање, земање на одмор, или земање часови ... сe што сакате да  направите наместо да треба да ги направите, зошто тогаш вие би биле успешени.


2. Имате блиски пријатели.



Блиските пријателства се многу ретки; една студија покажа дека бројот на пријатели, за кои испитаниците сметале дека имаат чувство дека можат да дискутираат за важни прашања, опаднал од просек од 2,94 за до 2.08 проценти во последните 20 години. (Толку за моќта на социјалните медиуми).

Ако имате повеќе од два или три блиски пријатели, бидете задоволни, не само за социјалните контакти, но исто така и поради позитивниот ефект од односите во вашиот животен век се двојно од она што би го добиете од вежбање и е исто толку моќно како одвикнување од пушењето.

И што се однесува до професионалните односи...


3. Ги избирате луѓето околу вас


Некои луѓе имаат работници кои ги излудуваат. Некои луѓе имаат клиенти кои се неподносливи. Некои луѓе имаат случајни познаници кои се себични, “луѓе што мислат дека се сѐ врти околу мене“.

Погодете што: Тие ги избрале тие луѓе. Тие луѓе се во нивниот професионален или личен живот, бидејќи тие им дозволиле да останат.

Успешните луѓе привлекуваат успешни луѓе. Работливите луѓе привлекуваат работливи луѓе, љубезните луѓе се дружат со љубезни луѓе.  Одличните вработени сакаат да работат со одлични шефови. Ако луѓето околу вас се луѓе кои вие сакате да бидат околу вас ... вие сте успешни. (И ако тие не се, тогаш време е да почнете да правите некои промени).


4. Гледате на неуспехот како на обука.



Неуспехот не е добар, но тој е исто така најдобриот начин да учите и растите. Секогаш ќе има искушенија, предизвици и пречки, но секогаш на крајот упорноста победува.

Секој успешен човек доживеал неуспех многу пати. (Повеќето од нив имале неуспеси многу повеќе од вас. Тоа е причината зошто тие се толку успешни сега).

Ако го прифатите секој неуспех, ако го поседувате, научите од него, и превземите целосна одговорност за да се осигурате дека следниот пат работите ќе излезат на поинаков начин, тогаш веќе сте успешни.

И со време, ќе бидете уште поуспешни, бидејќи никогаш нема да престанете да се обидувате да бидете подобра личност отколку што сте денес.


5. Вие не барате ништо



Сите сме го доживеале овој момент: Ние имаме прекрасен разговор, ние наоѓање заеднички работи ... и тогаш, бум: Другото лице игра на картата "Ми треба нешто".

И се што е поврзано со интеракцијата се менува.

Она што некогаш изгледало пријателски се претворило во потреба, речиси алчно... и може да се чувствувате виновни ако одлучите дека не сакате да им помогнете.

Луѓето кои се чувствуваат успешни не бараат.  Тие прифаќаат помош ако им е понудена, но тие не чувствуваат потреба да прашуваат. Всушност, тие се фокусираат на она што тие би можеле да го направат за другите луѓе.


6. Им дозволувате на другите да го “зграпчат’ центарот на вниманието


Добро, можеби сте ја завршиле целата работа. Можеби сте придвижиле планини. Можеби сте се премориле од борби и сте изградиле име. Ако не сте во потрага за пофалба или признанија, тоа значи дека сте успешни. Тоа значи дека можете да се чувствуваат горди во внатрешноста, а тое е местото што се брои. Вас не ви е потребна слава; ако навистина знаете што сте постигнале.

Ако уживате во потврдувањето од другите, но не ви е потребна потврда од другите, вие сте успешни.


7. Вие имате цел


Успешните луѓе имаат цел. Како резултат на тоа, тие се возбудени, посветени, страсни, и бестрашни. И тие ги споделуваат своите страсти со другите.

Ако сте пронашле цел, ако сте нашле нешто што ве инспирира, што ве разгорува, што ве прави возбудени да станете и да дејствувате за да го постигните тоа, тогаш сте успешни, без оглед на тоа колку пари заработувате или она што другите луѓе мислат.

Зошто? Затоа што го живеете својот живот на ваш начин, а  тоа е најдобриот знак дека успехот постои.


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот