ИТ-индустријата донесе многу промени во начинот на животот на речиси целото население во светот, но сите револуционерни идеи и производи што доаѓаат од оваа индустрија не се баш такви - револуционерни.
Американските медиуми на почетокот ја претставувале Елизабет Холмс како наследничка на Стив Џобс, но нејзината компанија во која инвеститорите вложиле десетици милиони долари била развиена врз основа на голема
измама.
Фото: Wikipedia
Холмс ветувала дека ќе го смени пазарот вреден милијарди долари. Таа тврдела дека нејзината компанија „Теранос“ развивала револуционерен уред за земање и анализа на крв на поедноставен и поевтин начин. Се тврдело дека резултатите од анализата на примероците од крв се добиваат многу побрзо отколку со другите методи, а Холмс ја убедила јавноста дека со новиот уред може да се детектираат разни болести, од дијабетес до тумор.
Холмс ја основала компанијата во 2003 година, откако ги завршила студиите. До 2009 години нејзината вредност се проценувала на 9 милијарди долари. Она што звучело предобро за да биде вистина и изгледало како револуција во анализа на крвта и дијагностиката се покажало како лага и измама.
Фото: Wikipedia
Како што открил новинар од „Вол стрит џурнал“, компанијата ги испраќала примероците на крв во лабораторија, а за оние примероци што биле анализирани преку нејзиниот уред се добивале неточни резултати.
За жал, тогаш веќе било предоцна за многу инвеститори кои вложиле милиони во компанијата, а со тие милиони Холмс живеела како филмска ѕвезда - трошела на летови со приватни авиони, скапи автомобили, асистенти итн.
Против Холмс била покрената истрага откако била откриена измамата, а нејзините скапи фустани може наскоро да бидат заменети со затворска униформа бидејќи ѝ се заканува казна затвор од 20 години. Судењето почнува во март следната година.
Извор:
noizz.rs