X
 29.11.2020 Живот

Проблемите на пациентите, успешни Македонци кај нас и во светот, образование во пандемија... За што пишувавме неделава?

Како се учи и студира денес во место без корона, не земајте „клексан“ или „фраксипарин“ без препорака од специјалист, научникот Томче Рунчевски од Ресен, кој денес ја истражува Титан – месечината на планетата Сатурн, ја раскажува својата приказна „По скалилатата на успехот“. Како тече наставата во средните училишта, матурантите одбиваат да полагаат матура, а надлежните велат – ќе се полага во јуни, дали аерозагадувањето влијае врз ширењето на коронавирусот, интервју со нашиот познат тенот Благој Нацоски. Ова се темите што ги истражувавме неделава.



Недисциплинираните ученици во училница се недисциплинирани и на онлајн-настава. Средношколците се во фаза кога им се случуваат многу промени, тие се на премин од еден во друг стадиум во животот. Се запишуваат како деца, а од училиштето заминуваат како возрасни млади луѓе. Како се однесуваат додека траат часовите? Умеат ли нивните професори да воспостават контрола на онлајн-часот? Истекува вториот месец откако почна наставата на далечина наместо во училиштата со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Ова значеше почеток на целосно нов начин на работа за професорите, за учениците и за другите вработени во основното и во средното образование.

Симон Трпчески

Светски познатиот македонски пијанист, човекот кој ги освојува срцата на публиката со својата виртуозност, топлина и извонредна музикалност - Симон Трпчевски по подолго време повторно настапи пред македонската публика, заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници: Влатко Нушев, Илинка Велкова, Александар Стојчески, Владимир Крстев, Паскал Краповски, Гонца Богоромова, Иван Наумовски, Милена Арсовска и Шкељзен Бафтијари. Трпчески настапи на 43. Денови на македонска музика, а изведе дела од Гоце Коларовски, Борјан Цанев, Димитрије Бужаровски, Панде Шахов, Александра Наумоски-Потиск, Томислав Зографски, Томе Манчев, Стојан Стојков, Фатос Лумани, Дарија Андовска и Александар Лековски.

Злате Мехмедовиќ

Како загадениот воздух и стресот влијаат врз исходот од Ковид-19, објаснува во интервјуто д-р Злате Мехмедовиќ. Тој вели дека кај луѓето кај кои оштетувањето на крвните садови е настанато како резултат на аерозагадувањето, при инфекција со коронавирусот постои зголемен ризик за развој на потешка форма на болест и многу помала е веројатноста дека ќе ја прележат болеста асимптоматски. Мехмедовиќ е лекар на Клиниката за пулмологија и активно е вклучен во работата на ковид-центрите.

Благој Нацоски

Објавивме интервју со нашиот познат тенор Благој Нацоски. Тој вели дека по 18 години патувања и настапи не е лесно да се седи дома. Му недостига адреналинот од сцената, од публиката. Сепак, да се живее во Џенова, непосредно до морето со убава клима, не е воопшто лошо, а тоа многу му помага во овие месеци, вели Нацоски.



Матурантите одбиваат да полагаат матура, надлежните велат – ќе се полага во јуни. Средношколците ја поздравуваат одлуката на МОН за реформа на проектната задача и според нив, ангажманот за неа ќе го ослободи целиот нивен потенцијал и ќе ја поттикне креативноста, па затоа прифаќаат да сработат проект, но не и да ги полагаат другите предмети. За државната матура, поради ситуацијата со Ковид-19 годинава, нема да биде ефективно тестирањето и затоа бараме да не се полагаат испитите, туку да има само проектна задача, велат претставници на Сојузот на средношколци. Тие доставиле т.н. декларација до надлежните во Министерството за образование и наука со која бараат во секоја донесена одлука да бидат вклучени и средношколците.

Мирослав Пендаровски

„Утре можеби нема да дојде“ е насловот на колумната од Мирослав Пендаровски, психолог i универзитетски професор. Никогаш не е доцна, само додека свесноста сè уште ја пече душата нагонувајќи ја да го рече тоа што сече сè додека не го пуштиме да тече... Макар и во инаква форма... Важна е содржината... Кога таа постои, ќе се најде форма што ќе ја изнесе на виделина!
Едно младо момче со кое работев ми раскажа едно свое искуство. Парафразирано оди приближно вака: „Еднаш одамна излегов во паркот со една девојка која многу ми се допаѓаше. Денот беше прекрасен, како и моето искуство тоа мајско попладне. Сè беше идеално срочено како во најубавите љубовни романи...“ Колумната од Пендаровски прочитајте ја тука.

Матеја Дамчевски

Матеја Дамчевски пред три месеци, во екот на пандемијата, се пресели во Пукет, каде што нема ниту еден заболен од Ковид-19. Учи, развива нови познанства, запознава нови култури, професионално плива и тренира пливање со тренер кој досега работел со 16 олимпијци, волонтира во резерватот за слонови, сади банани, сака да нурка во Индискиот Океан, учи тајландски, ја живее егзотиката на Тајланд. Дамчевски е стипендист на Светските обединети колеџи UWC - Тајланд. Пред три месеци, во екот на пандемијата, се пресели во Пукет и живее живот во сосема нов ритам, под поинакви правила, различно од сè што доживеал досега. Вели дека во Пукет нема ниту еден заразен веќе 5 месеци и не се оптоварени со пандемијата.

Томче Рунчевски

Во рамките на рубриката „По скалилата на успехот“ ја објавивме приказната на научникот Томче Рунчевски. Од ученик чија прва љубов била биологијата до ангажман од Американската вселенска агенција НАСА каде што наскоро треба да одржи предавање. Уште кога бил мал знаел дека науката ќе биде негова професионална определба. Вели дека е сто отсто Преспанец, а роден е во Битола единствено затоа што во Ресен нема породилиште. Прочитајте ја приказната на д-р Томче Рунчевски, професор на Јужнометодистичкиот универзитет (ЈМУ) во САД, каде што води катедра и истражувачка група за физичка хемија.



Не земајте „клексан“ или „фраксипарин“ без препорака од специјалист. Битно е и за здравјето и за повратот на пари! Цената за една доза од оваа терапија се движи од 180 до 260 денари, неретко се дозираат по 2 дози дневно, а лекувањето може да трае и подолго од 10 дена. Здравствените власти апелираат граѓаните заболени од Kовид-19 да не земаат лекови против згрутчување на крвта, какви што се „клексан“ (еноксапарин) или „фраксипарин“ (надропарин) без препорака од специјалист, бидејќи ако не им се следи соодветно состојбата, овие лекови може да предизвикаат дополнително влошување на здравствената состојба. Исто така, за Фондот за здравствено осигурување да им врати пари на осигурениците за овие лекови, кои мора сами да ги платат во аптека, треба да имаат специјалистички извештај.



Кристијан Василески е магистер по геодезија, но има една невообичаена пасија – собирање лименки од познатиот енергетски пијалак „Monster“. Можеби тоа не изгледа толку тешко или невообичаено, но кога ќе слушнете колку време му било потребно за да ги собере речиси 100. лименки што сега ги поседува, од каде ги купувал, колку го чинеле и за колку пари може да ги продаде, веројатно ќе го смените мислењето. Кристијан почнал да ги собира лименките на 17-годишна возраст, кога овие енергетски пијалаци уште ги немаше во нашата земја. Колку вреди колекцијата на Кристијан од Скопје?

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот