X
 29.12.2021 Живот

Австралиец не смее да го напушти Израел цели 8.000 години

На Австралиец му е забрането да го напушти Израел цели 8.000 години, освен ако не ѝ плати на поранешната сопруга 1,8 милион фунти алиментација за децата, според локалните закони за развод.

44-годишниот Ноам Хуперт, по потекло од Австралија, не смее да го напушти Израел до 31 декември 9999 година или додека не ја изврши уплатата.

Хуперт има две деца со неговата поранешна сопруга. Во 2012 година тој се преселил во Израел за повторно да биде со нив откако неговата поранешна сопруга се вратила таму во 2011 година, кога децата имале три месеци и пет години.

Но, неговата поранешна сопруга набрзо го извела случајот пред суд и на Хуперт му била издадена таканаречена наредба за забрана да излегува од земјата поради „иден долг“ од 5.000 израелски шекели месечно додека двете негови деца не наполнат 18 години.

Хуперт, кој работи како аналитички хемичар, вели дека е „заклучен“ во Израел од 2013 година и не смее да патува надвор од земјата ни за одмор ни за деловно патување. Тој додаде дека и други австралиски граѓани наишле на ова ужасно искуство и дека биле прогонувани од израелскиот систем за правда само затоа што биле во брак со Израелки.

plakanje
Фото: Facebook

Ова не е првпат израелските закони за развод да се неправедни.

- Колку и да звучи неверојатно за Западот, ова е причина зошто многу татковци не се одлучуваат за развод. Едноставно многу се исплашени затоа што се принудени да се вратат дома кај своите родители или да останат без покрив над главата. Системот е направен да биде против татковците - вели директорот на веб-страницата „Но егзит ордер“, Сорин Лука.

- Од мажите се очекува да платат 100 отсто или повеќе од нивниот приход алиментација за своите деца. Израел очекува мажите целосно да платат за начинот на живот на сопругата, а во ретки случаи кога мажот ќе го добие старателството над децата, и понатаму се очекува тој да ја плати алиментацијата за мајката - додава Сорин Лука.

Извор: Daily Mail
Фото: News.com.au
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот