X
 05.06.2024 Живот

Српските адвокати подготвија предлог-закон - да се формира фонд за алиментација за оние деца чии родители не плаќаат

Здружението на адвокати на Србија подготви предлог-закон за фонд за алиментација, кој предлага да се формира независно правно лице под министерството кое се занимава со социјална политика.

- Буџетот на овој фонд ќе се полни од средствата што ги генерира правосудниот систем, а тоа се судски такси, парични казни, средства одземени поради сторени кривични дела, прекршочни казни, но и донации, а подоцна фондот делумно ќе се самофинансира - вели професор д-р Небојша Шаркиќ, претседател на Здружението на адвокатите на Србија.

Постојат многу ситуации кога родителот кој се грижи за детето не може да добие алиментација затоа што другиот родител е или непознат, или невработен, или издржува затворска казна.
Предлог-законот предвидува родителот со доказ за неможност за исполнување на алиментацијата да се обрати до фондот.

- Износот што детето би го добило од тој што би требало да даде алиментација, Фондот за алиментација ќе му го исплати на детето, односно на неговиот законски застапник. Потоа, согласно важечките правила од извршната постапка, фондот го презема побарувањето спрема давателот на алиментацијата. Логично е да се очекува дека државата преку Фондот за алиментација ќе биде поспособна и повешта за наплата отколку што може родител кој се грижи за дете - вели д-р Небојша Шаркиќ.

Тој посочува дека задача на Здружението на адвокатите на Србија е да поттикне промени во законските прописи или да иницира нови прописи во области кои не се законски регулирани. Затоа активноста во претходниот период беше насочена токму кон афирмација на идејата за средства за алиментација.

Извор: Zelenaucionica.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот