X
 29.12.2021 Култура

Отворање на изложбата „Навезени спомени“ во чест на Конески

Составена од 53 најкарактеристични народни везови од различни етногеографски области на нашата земја, денеска во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата  „Навезени спомени“, поставена во чест на нашиот реномиран и меѓународно признат поет - Блаже Конески. Со отворањето на изложбата, Музејот дава свој придонес кон одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на втемелувачот на современата македонска филологија и лингвистика. 

Везовите што се поставени во 30 рамки претставуваат значајно сведоштво за креативноста, оригиналноста и вештината на жената-везилка, но и за традицијата што со  векови се пренесувала од колено на колено. Автор на изложбата и каталогот е кустос советник Горданче Видиниќ.

- Не бил случаен поривот на Блаже Конески да бара инспирација во македонскиот вез и да ја воспева македонската жена во песната „Везилка“. Везејќи, таа ги отсликувала културната меморија и колективниот идентитет на македонскиот народ - велат организаторите на изложбата.

Повеќе за изложбата прочитајте во специјалниот осврт што го направи Факултети.мк: „Во пресрет на изложбата „Невезени спомени“ во Музејот на Македонија“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура