X
 29.12.2023 Економија

Најбараните професии во Шведска оваа година

Во вториот квартал на 2023 година во Шведска имало 106.565 отворени работни места.  Бројот на слободни работни места во тој период бил помал отколку во претходниот квартал и во истиот период претходната година, но Шведска сепак се соочува со недостиг на работници во повеќе сектори.

Според Европската агенција за труд, сектори каде што се потребни работници се здравство, образование, информатички технологии, инженерство и градежништво, производство и управување со машини. Според агенцијата, се бараат работници во приватниот и во јавниот сектор.

Најмногу се бараат: акушери, градежни инженери, систем-аналитичари и ИТ-архитекти, софтвер-девелопери, полициски службеници, болничари, медицински сестри, доктори, наставници во основно образование и дефектолози.

Потребни се и возачи на автобуси и трамваи, водоводџии, механичари, работници во фабрика или градежништво и заварувачи.

Во поглед на локација, поголемиот дел од слободните работни места се во Стокхолм.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија