Тоа е повеќе од половина од буџетот за средно образование планиран за 2018 година, кој изнесуваше околу 12 милиони евра
Околу 60 средни училишта од цела Македонија должат речиси 7 милиони евра за режиски трошоци и за превоз на учениците. Тоа е повеќе од половина од буџетот за средно образование планиран за 2018 година, кој изнесуваше околу 12 милиони евра.
Вкупната сума за долгот на училиштата ја добивме откако ги собравме сите долгови што средните училишта ги пријавиле во Министерството за финансии. Таа изнесува 426.173.803 денари, или речиси 7 милиони евра. Најмногу должи средното медицинско училиште од Тетово - „Никола Штејн“ - 127.062.049 денари.
Во октомври беше усвоен
Законот за финансиска поддршка на општините за отплата на заостанатите долгови. Заклучно со 30 септември минатата година електронскиот систем за евиденција на Министерството за финансии забележал стари пријавени достасани, а неплатени обврски во износ од 18,817 милијарди денари.
Ако се погледне листата на државни институции што пријавиле долгови во Министерството за финансии, може да се заклучи дека училиштата, средните и основните, акумулирале долг од неколку милиони евра, кој треба да се покрие со средства од ребалансот на Буџетот од 2018 година.
- Долговите што постојат не само на општините, туку и на единките корисници основани од нив, како што се училиштата, детските градинки и други институции се со наследена ситуација која со години не овозможува развој – изјави министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на прес-конференција.
Директори на средни училишта ни изјавија дека долговите се напластувале неколку години бидејќи не им стигаат средствата од блок-дотациите што им ги доделуваат општините преку Министерството за образование и наука.
Министерот за финансии Драган Тевдовски пред неколку месеци посочи дека освен решавање на проблемот со долговите на општините, Владата ќе воспостави механизам за да се спречи акумулирањето долгови во иднина. Се предлагаат измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со воспоставување фискално правило за планирање на сопствените приходи на основниот буџет на единиците на локалната самоуправа.
Според податоци од Државниот завод за статистика, во земјава има 131 средно училиште, а долгови во МФ пријавиле 62. Сега на потег се општините, кои треба да направат записници и договори со доверителите, кои потоа треба да ги достават во Министерството за финансии, а тоа ќе ги одобри средствата за исплата на достасаните обврски.
Ова е листата со училиштата што пријавиле долг: