X
 23.06.2020 Живот

Архитект предлага нов дизајн за трамвај кој гарантира физичко дистанцирање помеѓу патниците

Италијанскиот архитект Артуро Тедесчи дизајнирал модел на трамвај со кој се почитуваат мерките за физичко дистанцирање помеѓу патниците. Предлогот бил наменет за неговиот град Милано.

Милано беше еден од најтешко погодените градови од пандемијата на коронавирусот во Италија. Пандемијата ги промени навиките на жителите за користење јавен транспорт бидејќи тој се смета за едно од главните места каде што се ширел коронавирусот. Се претпоставува дека вирусот може да преживее на површините во автобусите и метрото до 72 часа.



Дизајнот на Тедесчи е смислен за трамваите во Милано, но би бил направен од модерни материјали, а во него седиштата се раздвоени со плексиглас. Средниот дел од трамвајот е премин, а на дното има знаци кои покажуваат каде треба да стојат патниците за да се задржи физичката дистанца помеѓу нив.



Принципите на дизајнот би можеле да се применат на јавниот превоз во другите градови низ светот.

Автор: Мери Мејзензал
Извор: businessinsider.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот