X
 08.04.2017 Здравје

Лекот за еден од најчестите светски здравствени проблеми

depresija

Секоја година, на 7 април се одбележува Светскиот ден на здравјето под покровителство на СЗО. За темата на овогодишниот Светски ден, како приоритетно подрачје од глобален јавен здравствен интерес е избрана депресијата, со главна порака: „Депресија: да разговараме“.

Целта на овогодишната кампања беше да се освестат луѓето кои боледуваат од депресија да побараат и да добијат помош.

Кампањата имаше за цел:

- Подобро да се информира јавноста за депресија, што ја предизвикува и можните последици и форма
- Помош која е достапна за превенција и лекување на депресијата
- Да се поттикнат луѓето со депресија да побараат помош
- Да се подигне свеста на семејствата, пријателите и колегите кои живеат со луѓе болни од депресија, и да им се посочи дека се способни да им дадат поддршка на заболените

Што е депресијата?

Депресијата е болест која карактеризира пореметување на расположението. Симптомите се:

1. Долготрајна тага
2. Неспособност за уживање во работите и активностите во кои лицето претходно уживало
3. Душевна болка

Освен наведеното, луѓето кои боледуваат од депресија можат да ги имаат и следните симптоми:

- недостаток на енергија
- промена на апетитот
- несоница или преголема потреба за спиење
- зголемени потешкотии и загриженост
- намалена концентрација
- неодлучност
- немир
- чувство на безвредност, вина и безнадежност
- мисли за самоповредување или самоубиство

Депресијата може да го погоди секој, тоа не е знак на слабост. Депресијата се лекува: со разговор со психотерапевт, земање на антидепресивни лекови или комбинација од двете.

Лекување од депресија:


- Побарајте помош од доктор
- Депресијата се лекува со антидепресиви. Овие лекови не делуваат веднаш како на пример лековите против болка, туку им се потребни 1 до 6 недели за делување
- СЗО препорачува земање на лекови и 6 до 10 месеци после престанување на симптомите
- Важно е да се напомене дека овие лекови не предизвикуваат зависност
- Освен антидепресиви, во лекувањето на депресијата од голема корист е и психотерапијата

Заедничкото ментално пореметување (депресијата и анксиозното пореметување) се во пораст во целиот свет. Во хуманитарните кризи и во текот на воените конфликти,  1 од 5 личности се погодени од депресијата или анксиозното пореметување. Депресијата го зголемува ризикот за развивање на други болести како што е дијабетесот и кардиоваскуларните болести.

Депресијата која се јавува кај жените после пораѓај може да влијае врз развојот на новороденчето.

Новите докази од истражувањата спроведени од СЗО покажуваат дека депресијата и анксиозното пореметување ја чинат глобалната економија повеќе од 1 милијарда американски долари секоја година.

Бројот на луѓе со депресија и анксиозно пореметување во светот се зголемува: во 1990 година имало 416 милиони заболени во светот, додека во 2013 година нивниот број пораснал на 615 милиони.

Според проценките на СЗО, депресијата до 2020 година ќе стане вториот светски здравствен проблем, а гледајќи ја само женската популација, здравствен проблем број еден.

Ако се чувствувате несреќно и мислите дека имате депресија:

- Разговарајте за вашите чувства со некој кому му верувате.
- Побарајте професионална помош.
- Не заборавајте дека со вистинската помош ќе ви биде подобро.
- Продолжете со активностите во кои уживавте кога ви беше добро.
- Бидете во контакт со семејството и пријателите.
- Редовно вежбајте, дури и да станува збор за кратка прошетка.
- Држете се до правилни навики на исхрана и спиење.
- Прифатете дека би можеле да боледувате од депресија и прилагодете се на вашите очекувања.
- Избегнувајте или ограничете го внесувањето на алкохол и земајте ги лековите онака како што ви ги препишал докторот.

Запомнете:

Депресијата е болест која ги погодува луѓето на сите возрасти, сите социјални слоеви и сите земји во светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје