X
 22.01.2022 Здравје

Микробската отпорност на антибиотици сега предизвикува повеќе смртни случаи од сидата и маларијата

Низ светот, сè повеќе луѓе се жртви на антимикробската отпорност. Според неодамнешно истражување, оваа отпорност предизвикала 1,27 милиони смртни случаи и била поврзана со 4,95 милиони смртни случаи во 2019 година. Ова е поголем број од бројот на лица што починале од сида и маларија таа година.

Оваа отпорност се јавува кога микроби кои предизвикуваат инфекции еволуираат за да станат отпорни на лековите кои постојат за да ги убијат. Ова значи дека некои антибиотици повеќе не се ефикасни во третирање на таквите инфекции.


Фото: Pixabay

Според истражувањето, отпорноста на микробите станува посилна побргу отколку што се очекувало претходно. Едноставно, на светот му снемуваат антибиотици кои функционираат во борбата против овие инфекции и затоа бактериските инфекции може повторно да станат смртоносни.

Отпорноста на микробите е проблем од откривањето на пеницилинот во 1928 година, но постојаното користење на антибиотици од страна на луѓето им помага на бактериите и другите патогени да бидат поотпорни, пишува „Конверзејшн“.

Истражувањето вклучило 204 земји низ светот и анализирало податоци од 471 милион индивидуалци. Најтешко погодени се земјите со ниски и средни примања.

Извор: The conversation
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје