X
 22.04.2023 Здравје

Прошетка и разговор - психотерапевтска метода која зема замав низ светот

Прошетка и разговор, или на англиски познато како „walk and talk“, или скратено „walk'n'talk“ е нова психотерапевтска техника која ја препорачуваат сè повеќе терапевти низ светот. Одењето има многу поволности за физичкото и менталното здравје.

Експертите тврдат дека квалитетната и добра психотерапија може да се одвива и надвор од четири ѕида, а често им се случува клиентите што ја користеле оваа метода да престанат со класичните терапевтски сесии. Во оваа метода темпото го одредува клиентот, кој истовремено зборува со терапевтот.

Предности и недостатоци

Престојот на отворено има многубројни лековити својства. Во методата најважни се три главни компоненти: движењето, разговорот и природата. На почетокот многу клиенти се грижат дека ќе бидат видени како одат со терапевт, но терапевтите велат дека никој не обрнува внимание на нив и не се грижи што правите. Доколку се случи клиентот да сретне познато лице, најчесто го претставува терапевтот како пријател.


Фото: Pixabay

Кога станува збор за емоциите, тука нема посебни правила. Искусните терапевти знаат дека со себе мора да имаат марамчиња, а се случува клиентите да се ослободат од емоциите за време на пешачењето.

Психотерапевтите што ја користат оваа метода се одлучуваат за неа бидејќи движењето ослободува допамин, кој овозможува создавање на нови идеи и позитивни мисли. Освен тоа, природата нуди многу животни метафори кои може да се користат за приземјување на клиентот, особено кога се во прашање вежби за фокусирање на свесноста.

Згора на тоа, доволно е да пешачите 15-30 минути дневно за да го намалите ризикот од различни кардиоваскуларни заболувања, деменција, депресија и анксиозност, како и болести на коските и мускулите.

Извор: Kreni zdravo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје