X
 30.06.2020 Наука

Во Виена процвета билка стара 32 илјади години

Геномот на билката Silene stenophylla, стар 32.000 години, преживеал во 38-метарска подлога на сибирски пермафрост и процвета во епрувета во Виена. Овој цвет, кој ѝ припаѓа на фамилијата каранфили, последен пат цветал кога по светот шетале мамутите.


Светлана Јашина, членка на Руската академија на науките, и нејзиниот тим во 2012 година успеаја со нивната револуционерна работа на полето на криобиологијата, клеточната биологија и ботаниката да ги оживеат растенијата од семето од непознати видови стари 32.000 години.

Благодарение на добрите контакти со нејзините руски колеги, професорката Маргит Лајмер доби клонирани растителни клетки за виенскиот Универзитет за природни ресурси и применети науки (БОКУ) и како експонат за музејот „Мумок“.

Цветањето на оваа билка ќе придонесе за многу заклучоци за еволуцијата.

Врз основа на генетички анализи можно е да се испита како се развивал и приспособувал растителниот геном на тогашните климатски услови.

Споредувајќи ја билката со нејзините сегашни роднини, истражувачите ќе се обидат да дознаат како се одвивал развојот на овој растителен вид и што се сменило во последните 32.000 години.

Извор и насловна фотографија: Buka
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука